Close Menu
Press24
    Најново

    Шпанија: Поранешната министерка Фатима Бањес меѓу загинатите во железничката несреќа кај Толедо

    28.10.2026 во 17:12

    Студентите бараат 200 денари за оброк

    28.10.2026 во 17:05

    Приведените за двете убиства во Ѓорче Петров признале во полиција – жртвите биле врзувани и претепувани

    28.10.2026 во 16:54
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Шпанија: Поранешната министерка Фатима Бањес меѓу загинатите во железничката несреќа кај Толедо
    • Студентите бараат 200 денари за оброк
    • Приведените за двете убиства во Ѓорче Петров признале во полиција – жртвите биле врзувани и претепувани
    • Неофицијално: Искра Хаџи Василева победи на изборите за шеф на Обвинителството за организиран криминал
    • Шест часа ќе нема струја – најавени исклучувања во неколку општини
    • Маж прославувал раѓање на дете, па по расправија со нож го прободел колегата – Инцидент во Батајница
    • Волк нападна осумгодишно девојче во зоолошка градина во Германија – итно префрлено со хеликоптер во болница
    • Поранешна министерка загина во железничката несреќа во Шпанија
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Сиљановска-Давкова од Криволак: „Блесок 26“ е доказ дека нашата Армија е кредибилен НАТО партнер

    Сиљановска-Давкова од Криволак: „Блесок 26“ е доказ дека нашата Армија е кредибилен НАТО партнер

    27.04.2026 во 19:022 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Претседателката и врховен командант на вооружените сили, Гордана Сиљановска-Давкова, денеска на армискиот полигон „Криволак“ присуствуваше на завршницата од големата воена вежба „Блесок 26“, која се реализираше од 19 до 27 април како дел од програмата на НАТО.

    Централен настан на вежбата беше тактичката операција „Воведување на лесна пешадиска баталјонска група (ЛПБГ) во офанзивни операции“, преку која македонските војници ги демонстрираа своите капацитети, знаење и дисциплина. Претседателката истакна дека добиените највисоки оценки за борбената готовност на оваа група не се случајни, туку се резултат на макотрпна работа која ја профилира Македонија како рамноправен и кредибилен член на Алијансата.

    „Живееме во време на драматични геополитички превирања и на правен вакуум. Се случи незамисливото, војна на европско тло, Блискиот Исток продуцира светска нестабилност, а сајбер-просторот прерасна во конфликтна арена. Во такви околности, државите мора да се фокусираат на градење силни, стабилни и отпорни институции подготвени за брза реакција“, порача Сиљановска-Давкова во своето обраќање.

    Таа додаде дека вежбата, во која учествуваа над 1.500 припадници, не е само воена проверка, туку и јасен израз на меѓусебната доверба и цврстината на сојузништвото во НАТО.

    На настанот присуствуваа и се обратија министерот за одбрана Владо Мисајловски, началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-мајор Сашко Лафчиски, како и високи претставници на НАТО – контраадмиралот Торстен Маркс (началник на Ј-9 во Неапол) и генерал-потполковник Григориос Боунтлиакис (командант на НАТО корпусот за брзо распоредување од Грција).

    Прочитај повеќе

    Студентите бараат 200 денари за оброк

    28.10.2026 во 17:05

    Приведените за двете убиства во Ѓорче Петров признале во полиција – жртвите биле врзувани и претепувани

    28.10.2026 во 16:54
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.