На 22.04.2026 во 15:30 часот, во полициската станица во Гостивар, 51-годишна жена од Гостивар пријави дека околу 12:00 часот на булеварот „Гоце Делчев“ била вознемирувана од Р.Б. од Гостивар, соопштија од МВР.
Според пријавата, додека таа управувала патничко возило „фолксваген тигуан“, пријавениот со возило „форд“ се движел со голема брзина, нагло закочил, ја отворил вратата од нејзиното возило и ја навредувал.
Потоа, според пријавеното, тој продолжил да ја следи со возилото.
Од полицијата велат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.

