Close Menu
Press24
    Најново

    Нафтата поевтинува но во понеделник е можно ново поскапување на дизелот

    18.09.2026 во 12:13

    Пензионер загина во Охрид: Паднал од мотор

    18.09.2026 во 12:20

    Делчево: Се чуделе како возел кога виделе колку е пијан

    18.09.2026 во 12:06
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Спомен на чудата на Свети Архангел Михаил
    • САД и Данска постигнаа договор за Гренланд: Вашингтон добива трајно воено присуство, суверенитетот останува во Копенхаген
    • И „Анима Мунди“ бара истрага за случајот со дивокозите
    • ЗНАМ очекува уште еден заменик-министер во Владата
    • СДСМ до премиерот: Живееш во бајка
    • СДСМ Центар возвраќа: Големи политички амбиции, а не ги знаат ни основните надлежности
    • 11 возачи завршија во станица: Возеле безобѕирно, а некои немале ни дозвола
    • Митева за МИА од Атина: Силата на жените е во нивното учество, одговорност и можност да носат одлуки
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Стојаноска: Во иднина македонскиот пратеник ќе мора да има само македонско државјанство

    Стојаноска: Во иднина македонскиот пратеник ќе мора да има само македонско државјанство

    22.04.2026 во 10:042 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    „Во Собранието веќе е поднесен Предлог на закон за измена на Законот за пратеници. И тука повторно ќе се руши уште еден меур од сапуница, оние списоци кои ги објавуваа, па сега многу актуелни ги направија повторно со парламентарниве избори во Бугарија, дека добар дел од наши пратеници, функционери, се со двојни државјанства“, истакна Дафина Стојаноска, пратеничка од редовите на ВМРО-ДПМНЕ на гостување во емисијата “Заспиј ако можеш” на Алфа телевизија.

    Пратеничката Стојаноска се осврна на Предлог-законот за измена и дополнување на Законот за пратеници кој веќе во Собрание е поднесен и се предлага воведување услов – пратеник да може да биде само лице кое има исклучиво македонско државјанство. Таа нагласи дека токму од страна на опозициската СДС биле неосновани обвинувањата дека одреден дел од пратениците се со двојно државјанство, а потписници на оваа измена, како што кажа, се токму актуелни пратеници од пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, за кои СДС наведува дека се со бугарско државјанство, и додаде дека денес ќе пукне уште еден меур од сапуница од страна на СДС.

    „Потписници на оваа измена на Законот за пратеници се токму актуелни пратеници од оваа листа што ја вадат од СДС: Антонијо Милошоски, Никола Мицевски, Бојан Стојаноски, Игор Здравковски и Марија Петрушевска. Ако Антонијо Милошоски има бугарски пасош, дрско е тој да биде потписник. Предлогот е кандидатите за пратеници, кога ќе има следни избори, ако имаат двојно државјанство, да не може да станат пратеници. Да видиме како ќе се изјаснат колегите од СДС и затоа велам – денес ќе пукне уште еден меур од сапуница од страна на СДС. Денес ќе го имаат како предлог на самата седница кога ќе се усвојува дневниот ред за дополна, бидејќи е по скратена постапка, не се работи за некоја сложена измена, и да видиме впрочем кој сѐ ќе гласа за, а кој блефира“, децидна е пратеничката Стојаноска.

    Прочитај повеќе

    ЗНАМ очекува уште еден заменик-министер во Владата

    19.09.2026 во 15:10

    СДСМ до премиерот: Живееш во бајка

    19.09.2026 во 15:09
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.