Close Menu
Press24
    Најново

    Сали: ИПА останува клучен инструмент за забрзување на реформите и приближување на Македонија кон ЕУ

    11.06.2026 во 11:41

    Една од најпознатите плажи во Грција затворена за туристи ова лето

    11.06.2026 во 11:25

    Финансиска полиција со кривична пријава – Штета од над 127 милиони денари

    11.06.2026 во 11:18
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Сали: ИПА останува клучен инструмент за забрзување на реформите и приближување на Македонија кон ЕУ
    • Една од најпознатите плажи во Грција затворена за туристи ова лето
    • Финансиска полиција со кривична пријава – Штета од над 127 милиони денари
    • Приведена популарна турска актерка
    • Судење за трагедијата во „Пулс“: Фокус на Рубикон и обезбедувањето на објектот
    • Викенд временска прогноза – Утре невреме, во сабота и недела повторно промена
    • Хорор во регионот: Екплодирала бомба фрлена во контејнер додека работниците го празнеле
    • Урагански ветер и град во Словенија: Над 400 противпожарни интервенции, поплавени училишта и куќи
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » ВМРО-ДПМНЕ до Филипче: Славите победи на партиите кои се наши сојузници, додека вашите доживеаја фијаско

    ВМРО-ДПМНЕ до Филипче: Славите победи на партиите кои се наши сојузници, додека вашите доживеаја фијаско

    20.04.2026 во 09:512 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Филипче пред некој ден беше на средба на Партијата на европски социјалисти во Барселона, па логично е да се праша како им раскажа таму дека цела недела ја славеше победата на политичката партија во Унгарија, Тиса, се наведува во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.

    „Иронијата е повеќеслојна и јасно е каде се наоѓа СДС во моментов. Очајни за добри вести, без разлика од каде доаѓаат.

    Славеше победа на партија која е сестринска на ВМРО-ДПМНЕ, додека сестринската партија на СДС на тие избори освои 1% од гласовите.

    Можеби подобро ќе биде за СДС, Филипче да се фокусира помалку на меѓународен план и повеќе на самата партија која секој ден се повеќе ја губи довербата.

    Домашните резултати на СДС зборуваат сами за себе, со тоа што партијата доживеа катастрофален пораз и на парламентарните избори во 2024 година како и на локалните избори минатата година, а се сведе и на 130 илјади гласови.

    Ситуацијата внатре во партијата не е подобра. Откако стана јасно дека нема да има сериозни внатрешни реформи, поранешни функционери јавно проговорија за незадоволството, а откако се скараа и со новинари и со медиуми, јасно е дека на следните избори СДС ќе биде и под 100 илјади гласови.

    Немаат  програма, немаат што да  понудат, па затоа слават туѓи победи како да придонеле во истите, на партии од други држави кои немаат никаква врска со нив, и ова само по себе кажува доволно за тоа каде е денес СДС и каде води патот по кој чекори“, стои во сооптението од ВМРО-ДПМНЕ.

    Прочитај повеќе

    Сали: ИПА останува клучен инструмент за забрзување на реформите и приближување на Македонија кон ЕУ

    11.06.2026 во 11:41

    ВРЕДИ: ДУИ ја призна вината за Правосудниот испит

    11.06.2026 во 10:59
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.