Земјотрес со јачина од 3,2 степени според Рихтеровата скала денеска во 15:43 часот го вознемири населението во пограничниот регион меѓу Црна Гора и Босна и Херцеговина. Според Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар (EMSC), епицентарот бил на само 14 километри од Билеќа, на плитка длабочина од околу 5 километри.
Потресот бил краткотраен, но силен, а се почувствувал и по должината на хрватскиот брег, особено во Дубровник и околните места. Досега нема информации за предизвикана материјална штета.

