Денеска се очекува променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд. Во одредени региони постојат услови за нестабилност, проследена со краткотраен пороен дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер со променлив правец.
Температури:
- Минимални: ќе се движат во интервал од 6 до 12 степени.
- Максимални: ќе достигнат од 17 до 23 степени.
Времето во Скопје
Во главниот град ќе преовладува променливо облачно време. Во попладневните часови, во делови од котлината се очекува повремен дожд и услови за појава на грмежи. Температурата ќе се движи од минимални 10 до максимални 23 степени.
Прогноза од УХМР: Што не очекува во наредниот период?
Според информациите од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), претстои период на променливо облачно и релативно топло време.
„Во петок и во деновите од викендот времето ќе биде претежно стабилно и ќе дува умерен до засилен северен ветер. Од понеделник повторно се очекуваат локални врнежи од дожд и изолирана појава на грмежи“, соопштуваат од УХМР.

