Close Menu
Press24
    Најново

    На ова место во Грција лежалките не се наплаќаат

    11.06.2026 во 23:27

    Холивудски луксуз: Гардероберот на Данијела Димитровска чини колку стан

    11.06.2026 во 23:12

    Потрес во Даунинг стрит: Министерот си замина, Стармер уверува дека државата е безбедна

    11.06.2026 во 22:47
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • На ова место во Грција лежалките не се наплаќаат
    • Холивудски луксуз: Гардероберот на Данијела Димитровска чини колку стан
    • Потрес во Даунинг стрит: Министерот си замина, Стармер уверува дека државата е безбедна
    • Меџити: Поддршката за бизнисите е инвестиција во економскиот развој и новите работни места
    • Герасимовски во Капиштец: Податоците за бучавата ќе бидат јавно достапни онлајн на веб страницата на Општина Центар
    • ВИДЕО: Протест во Капиштец – На буката одговараме со бука
    • Калас: Враќањето кон целосна војна со Иран ќе има исклучително висока цена за целиот регион
    • Со 59 гласа ЗА и 9 против помина предлог законот за игрите на среќа: Нема веќе казина близу училишта
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Екс-шефицата на Антикорупциска пред суд: Не сум виновна за одавање тајни, информациите беа јавно достапни

    Екс-шефицата на Антикорупциска пред суд: Не сум виновна за одавање тајни, информациите беа јавно достапни

    14.04.2026 во 12:182 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Поранешната претседателка на Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК), Татјана Димитровска, денеска во судницата категорично ги отфрли обвинувањата за одавање службена тајна и компјутерски фалсификат.

    „Ја разбирам содржината, не го признавам делото и не се чувствувам виновна. Сметам дека не сум сторила ништо за што сум обвинета“, изјави Димитровска пред судот, додавајќи дека моментно е вработена во Државниот завод за ревизија (ДЗР) како помошник на државниот главен ревизор.

    Димитровска се товари дека му одала службена тајна на поранешниот директор на ТЕЦ „Неготино“, Небојша Стојановиќ (обвинет во предметот „Адитив“), како и за компјутерски фалсификат, бидејќи, според обвинението, ревизорот Миле Столевски во нејзино име го полагал тестот за добивање безбедносен сертификат. Покрај неа, на обвинителната клупа седнаа и Столевски, како и Билјана Петровска-Мантева од ТЕЦ „Неготино“, која исто така се товари за одавање тајни. И двајцата изјавија дека не се чувствуваат виновни.

    Адвокатот на Димитровска, Владимир Туфегџиќ, уште на почетокот побара Јавното обвинителство да го повлече обвинението. Според одбраната, информациите за кои се товари екс-претседателката биле елаборирани на јавни седници на ДКСК кои се пренесувале во живо.

    „Ниеден документ кој бил предмет на расправа на јавна седница немал класификација службена тајна. Што се однесува до сертификатот, клучни се безбедносните проверки на АНБ, а не самиот тест“, потенцираше Туфегџиќ, најавувајќи сведоци од АНБ и ДКСК.

    На ова реагираше јавната обвинителка Наташа Поп Трајкова, која побара судот да не дозволи коментари од одбраната пред изведувањето на доказите од Обвинителството. Таа нагласи дека Обвинителството располага со цврсти материјални докази, вклучително и анализа на податоци од мобилниот телефон на Димитровска со речиси 250.000 електронски записи.

    Судењето продолжи со читање на потврдите за одземени предмети при претресите, а следното рочиште е закажано за 16 април 2026 година.

    Прочитај повеќе

    Меџити: Поддршката за бизнисите е инвестиција во економскиот развој и новите работни места

    11.06.2026 во 22:16

    Герасимовски во Капиштец: Податоците за бучавата ќе бидат јавно достапни онлајн на веб страницата на Општина Центар

    11.06.2026 во 22:01
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.