Close Menu
Press24
    Најново

    ФОТО: Почина долгогодишен член на СДСМ – Оливер Спасовски со тага се прости од него

    29.10.2026 во 10:10

    Надежите за преговори меѓу САД и Иран направија пресврт: Цената на нафтата тргна надолу

    29.10.2026 во 10:00

    Нови детали: Ден Дончев меѓу пријавените во истрагата за милионски злоупотреби во здравството

    29.10.2026 во 09:57
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • ФОТО: Почина долгогодишен член на СДСМ – Оливер Спасовски со тага се прости од него
    • Надежите за преговори меѓу САД и Иран направија пресврт: Цената на нафтата тргна надолу
    • Нови детали: Ден Дончев меѓу пријавените во истрагата за милионски злоупотреби во здравството
    • Возел без дозвола, направил сообраќајка и избегал – МВР го фати
    • Љубовен пресврт за едни, успех на работа за други: Хороскоп за 29 октомври
    • Валандово со проекти вредни милиони денари, финансиска поддршка и за учениците
    • ФОТО: Два тона небезбедно месо ќе се уништува на Дрисла – Се продавалло преку социјални мрежи
    • ВМРО-ДПМНЕ: Го чекаа со црвен тепих а сега Филипче и СДСМ се обидуваат да се дистанцираат од Вучиќ
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Променливо и ветровито денеска, од утре следува период на локални врнежи и грмежи

    Променливо и ветровито денеска, од утре следува период на локални врнежи и грмежи

    14.04.2026 во 12:161 Min Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) најавува променливо облачно време со сончеви периоди за денешниот ден. Сепак, граѓаните треба да бидат подготвени за промени, бидејќи попладне и во текот на ноќта во јужните и во западните делови од државата се очекуваат локални врнежи од дожд.

    Денешниот ден ќе биде одбележан и со умерен, а наместа долж Повардарието и засилен ветер од југоисточен правец кој ќе достигнува брзина над 60 километри на час. Максималната дневна температура ќе се движи во интервал од 17 до 22 степени Целзиусови.

    Слична метеоролошка слика се очекува и во главниот град. Во Скопје ќе преовладува променливо облачно време,проследено со умерен до засилен југоисточен ветер, додека максималната температура ќе се искачи до пријатни 21 степен.

    Според најавите од синоптичарите, во следните денови следува период на релативно топло, но нестабилно време.Веќе утре наместа ќе има услови за слаб дожд, додека вистинска дестабилизација се очекува в четврток кога ќе има појава на локален пороен дожд проследен со ретки грмежи. Југоисточниот ветер ќе се задржи до петок, а за време на викендот ќе го смени својот правец во северен, со умерен интензитет.

    Прочитај повеќе

    ФОТО: Почина долгогодишен член на СДСМ – Оливер Спасовски со тага се прости од него

    29.10.2026 во 10:10

    Нови детали: Ден Дончев меѓу пријавените во истрагата за милионски злоупотреби во здравството

    29.10.2026 во 09:57
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.