Девет лица беа приведени по масовна тепачка со ножеви и дрвени предмети на Осломешка крстосница во Кичево.
Инцидентот се случил околу 01:30 часот, кога дошло до меѓусебна физичка пресметка меѓу повеќе лица, при што биле употребени ножеви и дрвени предмети. Во тепачката две лица се здобиле со расекотини и повреди.
Полицијата привела деветмина учесници – млади лица од Прилеп, Битола и Кичево. Тие биле лишени од слобода неколку часа подоцна, околу 03:40 часот, од страна на полициски службеници од ОВР Кичево.
– Полициски службеници од ОВР Кичево ги лишија од слобода Д.А.(20) од Прилеп, С.Џ.(27) од Прилеп, С.Џ.(19) од Прилеп, Д.Р.(31) од Прилеп, Д.М.(18) од Битола, Е.М.(26) од Битола, М.Х.(22) од Битола, Ј.Х.(19) од Битола и Р.Х.(34) од Кичево.
По целосно расчистување на случајот, против инволвираните ќе следуваат соодветни пријави.

