Close Menu
Press24
    Најново

    Идниот месец се менува целиот систем на плаќање во банките – еве што треба да знаете

    19.10.2026 во 11:24

    Инфлација: Поскапеа сендвичите во 7ца – ова се новите цени

    19.10.2026 во 22:34

    Отворен нов дом на Црвениот крст во Гази Баба: Општината обезбеди нови простории за хуманитарците

    19.10.2026 во 22:32
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Поевтин дизел за два денари до 2 ноември – Министерството за енергетика ја поздрави одлуката на ОКТА
    • Ништо од свадбата на Игор Којиќ и бремената Николина: Кеба откри се
    • Вучиќ за ескалацијата во ЕУ: Кога се случи насилството во Париз, ја изведоа војската, а јас немав ниту еден воден топ
    • Димитриеска-Кочоска: Поевтин дизел и пониски акцизи до 2 ноември
    • Македонскиот крем – Де ла крем на концертен предновогодишен спектакл со еден зеназборавен концерт…Сузана, Наум, Миле и Баже и нивните гости во кафеанска ноќ за паметење
    • Серија апсења во Скопје
    • Мисајловски: Професионалните војници со навршени 45 години возраст ќе можат да го трансформираат работниот однос
    • Над 200 камери ќе се поставуваат низ Скопје против дивите депонии и вандализмот во парковите
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Сиљановска-Давкова: Реалниот ромски живот е далеку од правните гаранции

    Сиљановска-Давкова: Реалниот ромски живот е далеку од правните гаранции

    08.04.2026 во 09:321 Min Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова упати честитка до припадниците на ромската заедница по повод Меѓународниот ден на Ромите – 8 Април.

    „Нека ви е и нека ни е честит 8 Април, Меѓународниот ден на Ромите.

    Искрено посакувам да го одбележите овој ден во добро здравје, радост и среќа.

    Вие, Ромите, историски и културно сте неразделен дел од македонската држава и општество. Слободата, гордоста и заедништвото се особени вредности на ромскиот идентитет и заслужуваат должна почит.

    Нашата заедничка македонска држава, формално-правно е лидер во гарантирањето на малцинските права, во регионални и европски рамки. Но, реалниот ромски живот е далеку од правните гаранции.

    Осми април е вистинскиот ден за мерење и преиспитување на квалитетот на животот на нашите сограѓани Роми, во сите области и на сите нивоа.

    Еднаш мора да ни стане јасно дека не е доволно да се повикуваме на Шуто Оризари, туку да обезбедиме пристоен живот на Ромите, каде и да се.

    Крајно време е да сфатиме дека ромската заедница е најранливата и најмаргинилизираната категорија граѓани, а како таква, заслужува најголемо општествено внимание и заштита“, стои во честитката од претседателката.

    Прочитај повеќе

    Серија апсења во Скопје

    20.10.2026 во 16:01

    Мисајловски: Професионалните војници со навршени 45 години возраст ќе можат да го трансформираат работниот однос

    20.10.2026 во 15:58
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.