Цените на нафтата утрово забележаа нов остар скок додека светот со страв го очекува истекувањето на ултиматумот што американскиот претседател Доналд Трамп му го постави на Иран. Тензиите во Ормуската Теснина, која е практично непроодна, предизвикаа паника на берзите и сериозна загриженост за глобалната економија.
Суровата нафта „Брент“ утрово се тргуваше за 111,11 долари за барел, додека американската нафта (WTI) за испорака во мај достигна неверојатни 115 долари, што е за 70 отсто повеќе од почетокот на конфликтот пред пет недели.
„Трамп го постави повторното отворање на стратешкиот воден пат како централно барање, поставувајќи му на Техеран рок што истекува вечерва. Тој предупреди на ‘целосно уништување’ на иранските електрани и мостови доколку поморскиот премин не биде повторно отворен“, пренесува ДПА.
Иранската војска експресно ја отфрли заканата, а додека дипломатијата молчи, пазарите се фокусирани на нарушените енергетски резерви кои веќе предизвикуваат енормна инфлација ширум светот.

