Close Menu
Press24
    Најново

    Брнабиќ тврди дека се подготвува апсење на Вучиќ

    28.10.2026 во 23:42

    20 години од смртта на Наско Џорлев

    28.10.2026 во 23:19

    Тешко повредени двајца млади велешани, со автомобил удриле во дрво

    28.10.2026 во 23:02
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Брнабиќ тврди дека се подготвува апсење на Вучиќ
    • 20 години од смртта на Наско Џорлев
    • Тешко повредени двајца млади велешани, со автомобил удриле во дрво
    • Ноа Вaјл прогласен за најсексипилен маж
    • Пет планети се ретроградни, еден знак особено ќе ја доведе во прашање љубовта
    • Патници на луксузен крузер останаа заглавени во Камбоџа поради драстичниот раст на цените на горивата
    • Пет намирници што жените над 50 години треба почесто да ги јадат
    • Неочекуван потег од Брисел: Канада останува без здруженото членство во европските механизми
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Алиу пресече: Никој не е оставен без терапија на Онкологија, информациите за недостиг се само обична шпекулација

    Алиу пресече: Никој не е оставен без терапија на Онкологија, информациите за недостиг се само обична шпекулација

    01.04.2026 во 14:153 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Ниту еден пациент на Клиниката за онкологија не е без терапија. Пациентите се третираат со заменска терапија позади чија комбинација стојат доктори, експерти во областа, истакна денеска министерот за здравство Азир Алиу, отфрлајќи ги информациите за недостиг и на терапија за пациентите со ретки болести. 

    Во одговор на новинарски прашања на прес-конференција во Министерството за здравство посочи дека во разговор во претставници на Клиниката за онкологија информациите дека нема терапија за пациентите се поврзува со пристапот кон пациентите и со терапиите и со законот.

    – На почетокот јас реков дека мора да се смени нешто во Законот, за да може и предвремено пред тие три месеци да се отвори постапка со цел, ако нешто се случува административно или ако не се појави никој, да имаме време уште три месеци, граѓаните да не останат без терапија. Во нашиот разговор со Клиниката, ни рекоа дека ниеден пациент не е без терапија, бидејќи има заменска терапија со која што се третират и која што тие како доктори, како експерти од областа, стојат позади таа комбинација на терапија. Ценам дека за кратко време ќе биде постапката и почната и завршена, изјави Алиу.

    Тој ги отфрли, како што рече, шпекулациите за недостиг од терапија за пациентите со ретки болести, посочувајќи оти се работело за еден лек кој каснел заради компанијата што го увезува.

    – Велам не е точно и се шпекулација. За жал понекогаш потикнати од приватниот сектор, и мора да бидеме транспарентни и да ги наведеме и овие работи. Може да има ден-два во моментот додека увозниците ги увезуваат, но никако нема недостаток на лекови. Јас се заинтересирав и добив информација од институциите. Ми рекоа дека се работи само за еден лек кој што касни, не заради нас како институција, туку заради компанијата која што го увезува, појасни Алиу.

    Тој посочи дека Министерството креира пристап за отварање тригодишна постапка за набавката на лекови, бидејќи терапијата кај пациентите со ретки болести зависи од повеќе индикатори меѓу кои возраста и тежината.

    – Уште еднаш напоменувам дека за прв пат како држава, освен што нема недостаток на лекови за пациенти со ретки болести, за прв пат креираме пристап или отвараме постапка тригодишна. Заради тоа што овие пациенти со ретки болести и нивната терапија зависи од неколку индикатори. Тие пациенти ги третираме од мали нозе, од моментот кога се дијагностицира дека е пациент со ретка болест, рече Алиу.

    При растот на пациентот, појасни, треба да расте и дозата, што, според него, не е предвидливо и не може да се предвиди количината на потребни лекови кои што треба да ги има. 

    Прочитај повеќе

    Тешко повредени двајца млади велешани, со автомобил удриле во дрво

    28.10.2026 во 23:02

    Министерот Ферати учествуваше на панел-дискусија на тема „Охридскиот рамковен договор и генерацијата што не чека: 25 години зад нас, 25 години пред нас“

    28.10.2026 во 21:30
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.