Close Menu
Press24
    Најново

    Шест часа ќе нема струја – најавени исклучувања во неколку општини

    28.10.2026 во 16:36

    Маж прославувал раѓање на дете, па по расправија со нож го прободел колегата – Инцидент во Батајница

    28.10.2026 во 16:33

    Волк нападна осумгодишно девојче во зоолошка градина во Германија – итно префрлено со хеликоптер во болница

    28.10.2026 во 16:26
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Шест часа ќе нема струја – најавени исклучувања во неколку општини
    • Маж прославувал раѓање на дете, па по расправија со нож го прободел колегата – Инцидент во Батајница
    • Волк нападна осумгодишно девојче во зоолошка градина во Германија – итно префрлено со хеликоптер во болница
    • Поранешна министерка загина во железничката несреќа во Шпанија
    • Закана од терористички напад – Заканувачка порака испратена на е-маил на Народното собрание на РС
    • Тошковски од САД: Најсовремените светски технологии и искуства во функција на поголема безбедност на граѓаните во Македонија
    • Кривична пријава за директорот на ЈКП „Брегалница“ од Делчево: Злоупотребил службена положба за слободни денови на вработена
    • Велес: Автомобил излетал од пат, па се забил во дрво
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Сиљановска-Давкова во Загреб ја отвори изложбата „Архивски документи“ на уметницата Жанета Вангели

    Сиљановска-Давкова во Загреб ја отвори изложбата „Архивски документи“ на уметницата Жанета Вангели

    26.03.2026 во 10:123 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Во македонскиот КИЦ во Загреб свечено беше отворена изложбата на македонската Национална галерија „Архивски документи“ на светски признатата македонска уметница Жанета Вангели.

    Во присуство на македонскиот Амбасадор Н.Е. Драган Ѓурчевски и бројни гости – истакнати претставници на македонски и хрватски институции и организации во Загреб, претставници на дипломатскиот кор, многубројни Загрепчани, Македонци кои живеат, работат или се школуваат во Загреб, универзитетски професори, како и претставници на државната и локалната власт во Република Хрватска, изложбата ја отвори претседателката на Република Македонија Гордана Сиљановска-Давкова, која беше во официјална посета на Хрватска.

    „Преку специфичниот визуелен јазик и концептуален пристап, Вангели уште еднаш потврдува дека македонската културна сцена има што да му понуди на европскиот културен простор. Оваа изложба не е само уметничко доживување, туку и длабоко промислување на историјата, идентитетот и меморијата. Ваквите настани се потврда на моќта на културната дипломатија. Македонскиот КИЦ во Загреб продолжува да биде нашиот најдобар амбасадор, место каде што македонскиот дух и креативност се среќаваат со пријателската хрватска јавност“, истакна Силјановска Давкова.

    „Присуството  на претседателката Сиљановска-Давкова претставува силна поддршка на македонската култура и уметност на меѓународно ниво и  порака дека културата и уметноста имаат значајно место во државните приоритети, а културната дипломатија претставува важен инструмент за градење на пријателство, разбирање и соработка меѓу народите“, истакна директорката на македонскиот КИЦ во Загреб, Мими Ѓоргоска Илиевска.

    „Ми претставува посебно задоволство што првиот програмски проект на Националната галерија за 2026 година,  изложбата „Архивски документи“ на професорката и ликовна уметница Жанета Вангели го реализираме во македонскиот КИЦ во Загреб, а честа е голема што истата ќе ја отвори претседателката, Гордана Силјановска Давкова, рече директорот на Националната галерија, Али Синани.

    „Изложбата „Архивски документи“ претставува ново авторско истражување на Вангели. Оваа изложба е, всушност, една сублимација на главните интересни зони кои се во нејзиниот фокус, една метафизичка манифестација во време-просторот што таа го сведочи. Низ четиридецениското творештво, преку архивските документи, Вангели несомнено евидентира различни претстави на духовна слобода и привлекува внимание кон доживувањето на времето, поканувајќи ја публиката да го почувствува сегашниот миг преку проекција на доживеаното“, истакна Маја Крстевска, виш кустос и програмски раководител.

    Ова е прво претставување на Вангели пред хрватската публика, со вкупно 41 дело изработени во техника принт на плексиглас и придружни аудио материјали. Проектот е замислен како патувачка изложба, која ќе биде поставена и во културните центри во Белград, Истанбул и Софија, поддржан од Министерството за култура и туризам.

    Изложбата во македонскиот КИЦ во Загреб ќе биде поставена и отворена за посетители до 10. Април.

    Прочитај повеќе

    Шест часа ќе нема струја – најавени исклучувања во неколку општини

    28.10.2026 во 16:36

    Тошковски од САД: Најсовремените светски технологии и искуства во функција на поголема безбедност на граѓаните во Македонија

    28.10.2026 во 15:29
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.