Close Menu
Press24
    Најново

    Како е опишано раѓањето на св. Јован (Иванден) од страна на евангелистот Лука

    07.07.2026 во 23:42

    Ќоку: За ВЛЕН важно е дијаспората да гласа без разлика на формата, но да бидат во согласност со меѓународните стандарди

    07.07.2026 во 23:17

    Тошковски: Најниско ниво на криминалитет во последните 20 години

    07.07.2026 во 23:01
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Како е опишано раѓањето на св. Јован (Иванден) од страна на евангелистот Лука
    • Ќоку: За ВЛЕН важно е дијаспората да гласа без разлика на формата, но да бидат во согласност со меѓународните стандарди
    • Тошковски: Најниско ниво на криминалитет во последните 20 години
    • По 25 години – нов етички кодекс за новинарите
    • Фредериксен: Гренланд не е на продажба
    • Минчев во Струмица: ЗНАМ продолжува со работни средби со локалните организации и членството
    • Битиќи: Ребалансот е фактура за владиниот дебакл, дефицитот руши рекорди, а власта крати од граѓаните и инвестициите
    • Конески: Владината мерка за студентско практикантство ќе ги доближи младите до институциите
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Ненад Савески предложен за државен јавен обвинител – Одлуката денеска пред Собранието

    Ненад Савески предложен за државен јавен обвинител – Одлуката денеска пред Собранието

    18.03.2026 во 08:122 Mins Read
    Принтскрин, Youtube
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Собранието денеска треба да ја одржи 94. седница, на која главна точка е изборот на нов државен јавен обвинител. Предлогот е Ненад Савески, актуелен судија во Основниот кривичен суд Скопје, номиниран од Владата на 10 март. За изборот му се потребни најмалку 61 пратенички глас. Кандидатурата доаѓа по оставката на Љупчо Коцевски, по постапка во која учествуваа пет кандидати.

    Савески е роден 1976 година, живее во Гостивар и е магистер по казнено право. Дипломирал и магистрирал на Правниот факултет „Јустинијан Први“ при УКИМ, а правосудниот испит го положил во 2003 година. Од 2016 година е судија во одделот за организиран криминал и корупција при Основниот кривичен суд Скопје. Има искуство како експерт во проекти на ОБСЕ, Советот на Европа и УСАИД, како и учество во Националната конвенција за ЕУ (Поглавје 23).

    Активен е во работни групи за судски реформи и е предавач во Академијата за судии и јавни обвинители, како и обучувач во програмата HELP на Советот на Европа. Автор и коавтор е на повеќе стручни трудови и публикации. Зборува повеќе јазици, меѓу кои англиски и германски.

    На седницата е предвиден и избор на член на Судскиот совет, при што предложени кандидати се Сејфула Османи и Арбер Исаку.

    Пратениците ќе разгледаат и предлог-измени на Законот за пензиско и инвалидско осигурување, како и законски измени поврзани со инфраструктурните проекти на коридорите 8 и 10-д, по скратена постапка.

    Можно е на дневен ред да се најде и предлогот Ацо Ристов да биде избран за претседател на Регулаторната комисија за енергетика, по оставката на Марко Бислимоски. Ристов е дипломиран електроинженер со долгогодишно искуство во енергетиката и претходно работел и во правосудниот сектор.

    Top News
    Прочитај повеќе

    Ќоку: За ВЛЕН важно е дијаспората да гласа без разлика на формата, но да бидат во согласност со меѓународните стандарди

    07.07.2026 во 23:17

    Тошковски: Најниско ниво на криминалитет во последните 20 години

    07.07.2026 во 23:01
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.