Close Menu
Press24
    Најново

    Четворица насилници приведени во еден ден – напаѓале сопруги и се заканувале на родители

    17.03.2026 во 16:00

    Ацо Ристов предлог за нов претседател на Регулаторната комисија за енергетика

    17.03.2026 во 15:38

    МПЦ-ОА пријавила кражба од црква во Скопје вредна над 150.000 денари

    17.03.2026 во 15:20
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Четворица насилници приведени во еден ден – напаѓале сопруги и се заканувале на родители
    • Ацо Ристов предлог за нов претседател на Регулаторната комисија за енергетика
    • МПЦ-ОА пријавила кражба од црква во Скопје вредна над 150.000 денари
    • Димитровски учествува на ЦЕИ во Трст: Акцент на европската перспектива на регионот
    • Филипче: Анкетите си покажаа – ВМРО бележи пад, а СДСМ раст на поддршката
    • ОКТА: Сите наши клиенти добија попуст и истиот е соодветно пресметан во фактурите
    • Постигнат договор во Персискиот Залив: Иран дозволи танкери да поминат низ блокираниот проток
    • Министерство за земјоделство: Исплатени над 280 милиони денари кон повеќе од 4.700 корисници
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Сведочење за „Пулс“: Обезбедувањето требало да реагира за присуство на малолетници по полноќ, а пиротехниката била безбедносен ризик

    Сведочење за „Пулс“: Обезбедувањето требало да реагира за присуство на малолетници по полноќ, а пиротехниката била безбедносен ризик

    17.03.2026 во 13:203 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

    Законските процедури за добивање лиценца, обврските при склучување договори за обезбедување, како и овластувањата на работниците при контрола на влез и присуство на малолетници во објекти, се во фокусот на денешното рочиште за пожарот во кочанската дискотека „Пулс“, на кое во својство на сведок – технички советник, сведочеше Верица Милевска-Стефановска, претседател на Комората на Република Македонија за приватно обезбедување.

    На прашања на Обвинителството, Милевска-Стефановска појасни дека Министерството за внатрешни работи (МВР) издава дозвола за вршење дејност врз основа на строго утврдени законски критериуми. Физичкото обезбедување, појасни, опфаќа телесна заштита, мониторинг, патролно обезбедување, како и обезбедување на јавни собири и спортски настани.

    – За да можат да работат компаниите во секторот приватно обезбедување, МВР врз основа на одредени законски критериуми ќе даде дозвола за вршење дејност во вид на давање услуги за физичко и техничко обезбедување или за сопствени потреби, откако правното лице ќе ја добие дозволата има законски рок од шест месеци да почне да работи во дејноста, а откако ќе ги стави лицата во работен однос, мора во рок од 30 дена да поднесе легитимации за обезбедување. Лиценцата на работникот за обезбедување е еден од условите за да може да работи, тоа значи дека е едуциран, но јавните овластувања работникот ќе ги обавува со легитимација – истакна сведокот.

    Милевска-Стефановска додаде дека за давање услуга за физичко обезбедување законскиот минимум е 15 работници со легитимации, за техничко обезбедување се потребни три, додека за обезбедување за сопствени потреби минимумот е десет работници. Дејноста, како што нагласи, е од јавен интерес според законските одредби.

    Осврнувајќи се на правниот основ за ангажман, Милевска-Стефановска посочи дека секое правно лице задолжително го склучува договорот со корисникот на услугата исклучиво во писмена форма. – Има една одредба во Законот каде што се вели ако договорот не е во писмена форма се смета за ништовен – нагласи Милевска-Стефановска.

    Сведокот појасни дека само во случај кога се ангажирани пет или повеќе работници, правното лице што ја дава услугата мора да изработи план за обезбедување и да го поднесе до полициската станица на чие подрачје се одржува настанот. Милевска-Стефановска истакна дека во Законот не постојат точно пропишани правила за бројот на работници што треба да се ангажираат, туку тоа е предмет на договорна услуга во зависност од видот на објектот и безбедносната процена.

    Во однос на ингеренциите при влез во објектите, претседателката на Комората рече дека работникот има право да изврши преглед и да реагира доколку затече општо-опасно средство, но сепак, вели, зависи од договорот. На прашањето за присуство на малолетници во угостителски објекти по полноќ, Милевска-Стефановска посочи дека обезбедувањето има обврска да реагира.

    – Со оглед на фактот дека конкретно во такви објекти мора да има и други закони, на видно место поставени табли кои предупредуваат дека не е дозволено присуство на малолетници, обезбедувањето морало да реагира или во најмала рака да го извести сопственикот на објектот – рече Милевска-Стефановска.

    На прашањето дали употребата на пиротехника претставува безбедносен ризик, сведокот одговори потврдно, по што Судот не дозволи дополнително прашање за тоа дали лицата што ја користат треба да имаат посебна едукација. Според досегашните наводи во јавноста, токму искрите од пиротехничките средства биле причина за брзото ширење на огнот во дискотеката.

    Пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани избувна на 16 март 2025 година за време на настап на групата ДНК и претставува една од најтешките трагедии во поновата историја на земјата. Со денешното рочиште продолжува доказната постапка со изведување сведоци на предлог на Обвинителството – кое го застапува тим од 15 јавни обвинители.

    Популарно

    Ќе нема струја до 16 часот – Најавени исклучувања во повеќе скопски населби и села

    17.03.2026 во 08:24

    Полицаецот кој ја загуби ќерката во Пулс со потресна исповед: „И ја видов кондурата, па ја видов Стефанија како лежи”

    17.03.2026 во 10:20

    Жена остана без 2.000 € и 1.000 $ – МВР приведе скопјанец

    17.03.2026 во 10:03

    Подгответе се за невреме – Лош пресврт со времето

    17.03.2026 во 07:57
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.