Close Menu
Press24
    Најново

    Нема веќе боледувања на плажа во Грција – Полицијата се вклучува во контролите

    23.09.2026 во 12:05

    Утре пристигнува првиот снег во регионот

    21.09.2026 во 11:22

    Јаневска: Идејата е учениците да бидат во училиште од 8 до 16:30 часот

    23.09.2026 во 10:24
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Трамп со остри обвинувања: Канада се уништува самата себеси со неконтролирана миграција
    • Нападната и ограбена 84-годишна скопјанка
    • Папата Лав повикува на глобална акција за помош на децата мигранти
    • Манасиевски до Николовски: Кукавиците бегаат и се кријат, јавноста очекува одговори, не празни флоскули
    • Истрага во Скопје: Физички нападнат лекар-гинеколог во ординација во поликлиниката „Букурешт“
    • Полска ги подигна борбените авиони: Руски хеликоптер навлегол во воздушниот простор
    • Маж со речиси 3 промили алкохол ја претепал сопругата на пазар – ужас во соседството
    • Велковски на состанок во Подгорица: Се најавува национален агрегатор за млади со визија за регионално поврзување
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Мицкоски на Конференцијата за годишнината од кочанската трагедија: Ја плативме сметката за девастиран систем, ова беше најтешкиот ден во мојот живот

    Мицкоски на Конференцијата за годишнината од кочанската трагедија: Ја плативме сметката за девастиран систем, ова беше најтешкиот ден во мојот живот

    14.03.2026 во 10:392 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Една година по катастрофалниот пожар во Кочани кој ја потресе целата нација, државниот врв порача дека болката останува, но и обврската да се изградат институции кои нема да дозволат повторување на ваква несреќа. Премиерот Христијан Мицкоски, во своето воведно обраќање на меѓународната конференција во Скопје, посветена на институционалните и клиничките аспекти по трагедијата, емотивно се осврна на кобниот настан.

    „Трагедијата во Кочани остави длабока рана во нашето општество. Во една ноќ се прекинаа животи, се променија судбини и се отвори болка која ќе остане долго во сеќавањето на нашата држава“, рече Мицкоски, изразувајќи длабока почит кон жртвите, нивните семејства и повредените кои сè уште водат битка за закрепнување.

    Премиерот истакна дека денот на несреќата бил најтешкиот ден во неговиот живот, нагласувајќи дека трагедијата се случила само осум месеци по неговото стапување на функцијата. Тој директно го впери прстот кон децениската негрижа за институциите. „Само 8 месеци од моето управување со државата се случи да се плати сметката за еден девастиран систем кој беше уништуван со децении. Кој е виновен за сето ова? На ова мора да дадат одговор обвинителството и судовите. Но, воедно мора да говориме и за вината во креирањето на тој систем кој потфрли, каде со децении и години се креира тоа диво месо кое стигна до нашите најмили“, потенцираше Мицкоски.

    И покрај системскиот колапс, премиерот нагласи дека трагедијата ја разбудила човечноста и солидарноста. Тој им оддаде посебно признание на „тивките херои“ – лекарите, медицинскиот персонал, болничарите, крводарителите и волонтерите кои деноноќно работеле за да спасат човечки животи. Мицкоски се заблагодари и на меѓународната заедница која веднаш ги отворила вратите на своите болници за македонските пациенти, заклучувајќи дека конференцијата мора да го претвори ова болно искуство во конкретни решенија за побезбедно општество.

    Прочитај повеќе

    Нападната и ограбена 84-годишна скопјанка

    23.09.2026 во 17:19

    Манасиевски до Николовски: Кукавиците бегаат и се кријат, јавноста очекува одговори, не празни флоскули

    23.09.2026 во 17:12
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.