Вчера во 09:25 часот во СВР Скопје е пријавено дека на крстосница од бул.„Кузман Јосифовски Питу“, бул.„Кочо Рацин“ и ул.„Крсте Мисирков“ во Скопје се случила сообраќајна несреќа помеѓу автобус со скопски регистарски ознаки, управуван од Г.Г.(55) од с.Волково, скопско и патничко возило „форд фиеста“ со скопски регистарски ознаки, по што возачот со возилото го напуштил местото на настанот.
Со тешки телесни повреди се здобило четиригодишно дете од Скопје, патник во автобусот, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“.
Извршен е увид од увидна екипа од СВР Скопје и се преземаат мерки за расчистување на случајот.
- Трамп: Америка се врати и ѝ оди подобро од кога било
- Прилепчанец дивеел во сендвичара: Тепал, кршел и се заканувал
- Серафимовски-Ле Риголер: Постојат нови можности за продлабочување на соработката со Франција во земјоделството
- Муакетов на 25. Конференција на Македонската берза: Мал пазар голема можност
- Падна групата што шверцаше вијагра во Тетово – меѓу нив и цариник
- Просечната плата во јули речиси 800 евра
- Ноќеска и официјално доаѓа есента
- Сообраќајка во Охрид: Со тешки повреди заврши возач на „ауди“ по судир со „мерцедес“

