Close Menu
Press24
    Најново

    Нафтата поевтини но од утре не чека значително поскап дизел

    20.09.2026 во 12:50

    СДСМ: Земјоделецот плаќа повеќе а не добива ништо – Мицкоски гледа за дата центри и антимон

    20.09.2026 во 12:41

    Ивон Величковски: Кое е тоа Собрание што ќе гласа против 150 или 300 илјади граѓани за ЕУ?

    20.09.2026 во 12:25
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Филипче: Минималната плата мора да се зголеми на 600 евра – луѓето не можат да врзат крај со крај
    • Повредена жена, ја удрил автомобил на тротоар
    • Тројца млади повредени во сообраќајка во Велес
    • Мисајловски во посета на Словенија: Средба со дијаспората пред состаноците на министрите за одбрана
    • Специјализант најави штрајк со глад: Обвинува за фаворизирање и неправда на Медицинскиот факултет
    • Камен пијан Мексиканец се степал со полицаец во Ѓорче Петров
    • Загина 17 годишна девојка: 7 годишно дете и тројца возрасни повредени во сообраќајка на патот Битола-Прилеп
    • Утре локални врнежи и услови за невреме
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Весна Бендевска: Црвениот аларм е вклучен – потребни се итни мерки против семејното насилство

    Весна Бендевска: Црвениот аларм е вклучен – потребни се итни мерки против семејното насилство

    08.03.2026 во 14:543 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    По повод Меѓународниот ден на жената – 8 Март, Движењето ЗНАМ за Наша Македонија организираше панел-дискусија под наслов „Жените ЗНААТ: Еднакви можности, силни жени, силно општество“, на која учествуваа пратенички, советнички, директорки и други носителки на јавни функции од редовите на движењето.

    Настанот не беше симболична прослава, туку платформа за сериозна и содржинска дискусија за улогата на жените во креирањето политики, нивното активно учество во политичките процеси и нивниот придонес во носењето одлуки на централно и локално ниво.

    Во рамки на настанот се одржа панел-дискусија на тема „Улогата на жените во градењето на модерно и праведно општество“, при што беше истакнато дека вистинското одбележување на 8 Март денес подразбира отворање на суштински прашања и конкретни политики кои ќе обезбедат поголема заштита, еднаквост и можности за жените.

    Потпретседателката на Движењето ЗНАМ, Весна Бендевска, во своето обраќање посочи дека годинешното одбележување на 8 Март се случува во време кога сериозно се зголемуваат случаите на семејно насилство, при што во последните два месеци се регистрирани четири случаи на фемицид.

    „Во сериозни времиња, за сериозни проблеми, неопходен е сериозен пристап. Движењето ЗНАМ нема да остане нем набљудувач на речиси секојдневните случаи на семејно насилство. Црвениот аларм е веќе вклучен и потребни се итни мерки и конкретни решенија“ – истакна Бендевска. Како партија која е дел од власта, Движењето ЗНАМ ќе предложи отворање јавна дебата за реорганизација на институционалниот систем со цел доследно спроведување на обврските што државата ги има преземено со ратификацијата на Истанбулската конвенција.

    Целта е воспоставување поефикасен систем за превенција, спречување и заштита од семејно насилство, со јасно дефинирани надлежности, конкретни проекти и прецизни рокови. Дополнително, Движењето ЗНАМ предлага основање државни регионални центри за згрижување на жртви на семејно насилство, кои ќе располагаат со соодветни материјални, кадровски и финансиски ресурси. Со ваков модел би се надминал постојниот недостиг на сместувачки капацитети – шелтер центри, што во моментов претставува една од главните слабости на системот за заштита на жртвите.

    Во таа насока, пратеничката група на Движењето ЗНАМ веќе утре ќе иницира одржување јавна расправа во Комисијата за социјална политика, демографија и млади, со учество на експертската јавност и граѓанскиот сектор. Целта е да се утврди дали се потребни итни измени и дополнувања на законите што го уредуваат системот за заштита од родово-базирано и семејно насилство, особено на Законот за спречување и заштита од насилство врз жените и семејното насилство.

    На крајот од настанот, од Движењето ЗНАМ го честитаа 8 Март на сите жени, нагласувајќи дека нивната програмска определба останува цврста – градење модерно и праведно општество во кое правата, достоинството и безбедноста на секоја жена се гарантирани и неприкосновени.

    Прочитај повеќе

    Филипче: Во Македонија веќе не се живее – ни 1.500 евра месечно не се доволно

    20.09.2026 во 13:32

    Филипче: Мицкоски не е на списокот на државници кои ќе се сретнат со Трамп

    20.09.2026 во 13:11
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.