Close Menu
Press24
    Најново

    Утре ќе нема струја до 14 часот – од електродистрибуција најавија исклучувања во повеќе општини

    23.09.2026 во 11:37

    ФОТО: Елегантно издание на сопругата на Премиерот – Рози Мицкоска на приемот кај Меланија Трамп

    23.09.2026 во 11:37

    Измерени минус 6 степени, студ во регионот – Пресврт со времето се очекува и во Македонија

    24.09.2026 во 08:38
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • ВИДЕО: Малолетници пукале петарди – Предизвикале пожар во Капиштец
    • Иран му предложи на Вашингтон план од седум дена за повторно отворање на Ормуската Теснина
    • Македонската полиција му упаднала дома – Приведен малолетник
    • Подгответе се за гужви: Во недела пренасочување на сообраќајот во Скопје
    • Инцидент во ОН: Десетици дипломати демонстративно ја напуштија салата пред говорот на Бенјамин Нетанјаху
    • Тмурни денови пред нас: УХМР со метео предупредување за викендот
    • Шефот на Европскиот совет предупредува: Ниту една земја не може сама да се справи со глобалните предизвици
    • Се ближат продолжени викенди – Ова се неработните денови до крај на 2026
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Евакуацијата на македонските државјани од земјите од Блискиот Исток ќе започне во недела

    Евакуацијата на македонските државјани од земјите од Блискиот Исток ќе започне во недела

    06.03.2026 во 21:302 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Министерството за надворешни работи и надворешна трговија попладнево склучи договор со авиокомпанија, согласно Законот за јавни набавки, по спроведена соодветна постапка. Согласно утврдениот план и предвидената динамика, се очекува до средината на следната недела да бидат евакуирани сите македонски државјани кои изразиле подготвеност за враќање.

    Процесот е целосно координиран од Министерството и дипломатско-конзуларните претставништва во регионот. Завршувањето на постапката за јавна набавка претставува потврда за навременото и одговорно постапување во насока на заштита и грижа за македонските граѓани.

    Согласно последните податоци, заклучно со денес, Амбасадата во Доха ја контактирале 150 македонски државјани, од кои 95 изразиле подготвеност за евакуација. Амбасадата во Абу Даби ја контактирале вкупно 585 лица кои престојуваат во Обединетите Арапски Емирати, како и 36 лица од Кувајт, 15 од Бахреин и 5 од Кралството Саудиска Арабија.

    Министерството уште еднаш ги повикува сите македонски државјани кои сè уште не стапиле во контакт со надлежните дипломатско-конзуларни претставништва, а имаат потреба од евакуација или асистенција, тоа да го сторат во најкраток можен рок преку дежурните телефонски броеви на ДКП-ата или преку СОС-бројот на Министерството.

    Техничките и организациските детали околу реализацијата на летовите ќе бидат утврдени во координација со економскиот оператор, за што граѓаните ќе бидат навремено информирани.

    Министерството останува во постојана комуникација со граѓаните и во координација со надлежните институции, со приоритетна цел – нивно безбедно и навремено враќање.

    Прочитај повеќе

    ВИДЕО: Малолетници пукале петарди – Предизвикале пожар во Капиштец

    25.09.2026 во 10:11

    Македонската полиција му упаднала дома – Приведен малолетник

    25.09.2026 во 10:07
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.