Close Menu
Press24
    Најново

    Телефонски разговор Путин-Ердоган за судирите на Блискиот Исток

    03.04.2026 во 20:18

    Марков: ВМРО-ДПМНЕ вложува во иднината и развојот на младите со континуирани инвестиции во образовниот сектор

    03.04.2026 во 19:53

    Утре е Лазарова сабота, најрадосниот детски празник

    03.04.2026 во 19:30
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Телефонски разговор Путин-Ердоган за судирите на Блискиот Исток
    • Марков: ВМРО-ДПМНЕ вложува во иднината и развојот на младите со континуирани инвестиции во образовниот сектор
    • Утре е Лазарова сабота, најрадосниот детски празник
    • СДСМ: ВМРО-OKГ конечно ја призна вината за „Талир 1“ и „Талир 2“
    • НАСА пред нов предизвик: Белата куќа бара заштеди среде најважната вселенска мисија на деценијата
    • Земјотрес ја стресе Македонија
    • Какви се личностите родени во април?
    • Како спијат астронаутите во „Орион“: Висат како лилјаци на патот кон Месечината
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Судење за трагедијата во Пулс: Одбраната побара спојување со актот против 13 полицајци

    Судење за трагедијата во Пулс: Одбраната побара спојување со актот против 13 полицајци

    05.03.2026 во 11:222 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    На денешното судско рочиште за пожарот во кочанската дискотека „Пулс“, одбраната побара спојување на тековната постапка со новиот обвинителен акт против 13 полициски службеници, кои се обвинети за истиот кривично-правен настан.

    Адвокатката на првообвинетиот Дејан Јованов, Ивана Коцевска, предложи спроведување единствена постапка, посочувајќи дека на 30 јануари 2026 година Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција (ОЈО ГОКК) Скопје поднело обвинителен акт против 13 полициски службеници за истиот настан. Коцевска нагласи дека одвоеното водење на предметите може да доведе до различни судски заклучоци при утврдувањето на фактичката состојба.

    Кон предлогот се приклучија и останатите бранители. Адвокатот на обвинетиот Шефкет Хазари, Петре Шилегов, истакна дека спојувањето е правно издржано и неопходно, со образложение дека не може да постојат два предмети за ист кривично-правен настан и дека исказите на обвинетите дадени пред ЈО не се достапни за одбраната.

    Застапниците на обвинителниот акт од овој предмет, пак, нагласија дека не се надлежни да постапуваат по предмети за полициски службеници што ги води ОЈО ГОКК и дека не можат да се произнесат за спојување.

    На денешното рочиште, Судот прочита и писмен одговор од затворот во Куманово, во врска со реакции од минатата расправа дека првообвинетиот бил изложен на нечовечко однесување. Според дописот, обвинетиот немал забелешки кон вработените, туку се пожалил само на душекот и на честите претреси. Доколку има потреба од специјален душек, тоа треба да биде поткрепено со соодветна медицинска документација.

    На почетокот на главната расправа, обвинетиот Гроздан Милковски, сопственик на дискотеката, побара да биде ослободен од присуство поради лоша здравствена состојба, дијагностицирана сепса на градите и присуство на бактерии. „Го молам судот нешто да преземе. Јас не можам да се борам со животот. Како да дојдам кога немам сили да дојдам на судење“, рече тој.

    Судијката Дијана Груевска-Илиевска истакна дека е запознаена со неговата здравствена состојба, но според лекарите, бактеријата не претставува сериозна закана. Таа децидно нагласи дека доколку Милковски не се појави на следното судење, ќе му биде определен притвор.

    Пожарот во дискотеката „Пулс“ избувна на 16 март минатата година за време на настап на групата ДНК, при што загинаа 63 лица, а над 200 беа повредени. Постапката се води против повеќе од 30 физички и три правни лица за тешки дела против општата сигурност, а обвинителството го застапува тим од 15 јавни обвинители. Судењето продолжува со изведување докази и сослушување сведоци.

    Top News
    Популарно

    Телефонски разговор Путин-Ердоган за судирите на Блискиот Исток

    03.04.2026 во 20:18

    Марков: ВМРО-ДПМНЕ вложува во иднината и развојот на младите со континуирани инвестиции во образовниот сектор

    03.04.2026 во 19:53

    Утре е Лазарова сабота, најрадосниот детски празник

    03.04.2026 во 19:30

    СДСМ: ВМРО-OKГ конечно ја призна вината за „Талир 1“ и „Талир 2“

    03.04.2026 во 19:22
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.