Close Menu
Press24
    Најново

    Утре ќе нема струја до 14 часот – од електродистрибуција најавија исклучувања во повеќе општини

    23.09.2026 во 11:37

    Нема веќе боледувања на плажа во Грција – Полицијата се вклучува во контролите

    23.09.2026 во 12:05

    Јаневска: Идејата е учениците да бидат во училиште од 8 до 16:30 часот

    23.09.2026 во 10:24
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Маж снимен како го краде бакшишот на вработените во Њам Њам Бокс Центар
    • Почина 13-годишникот кој беше прободен со нож во срце
    • Филипче: Македонија не е на продажба
    • ОК Центар на ВМРО-ДПМНЕ: Герасимовски бега од соочување со советниците, наместо еднаш месечно, тој советничките прашања ги закажа за Нова година
    • Филипче: Со новиот просторен план власта планира пет нови рудници – Мицкоски ја распродава Македонија
    • (ВИДЕО) Петрушевски: Владата носи инвестиции од Вашингтон
    • Мицкоски во Њујорк со низа средби: Европската перспектива и регионалната соработка во фокус
    • Алармантна состојба во северна Етиопија: ОН загрижени поради заземањето на три аеродроми во Тиграј
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Ревизија: Во министерството на Груби 61% од вработените не се знае дали оделе на работа

    Ревизија: Во министерството на Груби 61% од вработените не се знае дали оделе на работа

    04.03.2026 во 10:421 Min Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    61% од вработените во Министерството за односи меѓу заедниците во време на претходната Влада добивале плата без да има доказ дека воопшто оделе на работа, утврди Државната ревизија по спроведениот преглед на работата на т.н. Министерство на Артан Груби.

    Ревизорите дале неповолно мислење за финансиските извештаи и утврдиле слабости во евиденцијата на средствата, при што 28% од основните средства или околу 25.000 евра недостигале, односно не биле пронајдени на попис.

    Дополнително, исплатени се над 500 илјади денари за гориво без контрола на регистарските таблици, што овозможило точење гориво и во возила кои не се во сопственост на Министерството.

    Во Министерството според ревизијата недостигаат и 30 лаптоп компјутери. Дополнително неправилности се утврдени и при финансирањето на здруженија и фондации за 2023 година. Од 33 организации кои добиле средства, 17 треба да вратат дел од средствата бидејќи не доставиле докази за нивно трошење.

    Од ДЗР посочуваат дека по промената на раководството во текот на 2024 година се преземени одредени активности за надминување на дел од утврдените состојби, додека за дел постапуваат и други надлежни институции.

    Прочитај повеќе

    Маж снимен како го краде бакшишот на вработените во Њам Њам Бокс Центар

    24.09.2026 во 12:22

    Почина 13-годишникот кој беше прободен со нож во срце

    24.09.2026 во 12:12
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.