Close Menu
Press24
    Најново

    Шпанија: Поранешната министерка Фатима Бањес меѓу загинатите во железничката несреќа кај Толедо

    28.10.2026 во 17:12

    Студентите бараат 200 денари за оброк

    28.10.2026 во 17:05

    Приведените за двете убиства во Ѓорче Петров признале во полиција – жртвите биле врзувани и претепувани

    28.10.2026 во 16:54
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Шпанија: Поранешната министерка Фатима Бањес меѓу загинатите во железничката несреќа кај Толедо
    • Студентите бараат 200 денари за оброк
    • Приведените за двете убиства во Ѓорче Петров признале во полиција – жртвите биле врзувани и претепувани
    • Неофицијално: Искра Хаџи Василева победи на изборите за шеф на Обвинителството за организиран криминал
    • Шест часа ќе нема струја – најавени исклучувања во неколку општини
    • Маж прославувал раѓање на дете, па по расправија со нож го прободел колегата – Инцидент во Батајница
    • Волк нападна осумгодишно девојче во зоолошка градина во Германија – итно префрлено со хеликоптер во болница
    • Поранешна министерка загина во железничката несреќа во Шпанија
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Панел дискусија: „Од инциденти до системски ризици: Надворешните влијанија како тест за медиумската отпорност“

    Панел дискусија: „Од инциденти до системски ризици: Надворешните влијанија како тест за медиумската отпорност“

    25.02.2026 во 08:512 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Во Скопје денеска ќе се одржи панел-дискусија на тема: „Од инциденти до системски ризици: Надворешните влијанија како тест за медиумската отпорност“, на која ќе биде презентиран документот за јавни политики „Медиумскиот екосистем и странското мешање и манипулирање со информации (СММИ)“.

    Според соопштението на Институт за комуникациски студии, странското мешање и манипулирање со информации претставува сложен системски ризик за демократските општества, кој се појавува и се засилува преку медиумите. Овој феномен се остварува преку координирани активности на странски државни и недржавни актери, нивни посредници и усогласени канали, користејќи ја економската, институционалната и дигиталната ранливост на медиумите за влијание врз јавната дебата и довербата во институциите. Македонскиот медиумски екосистем не е имун на овие ризици, кои се поттикнати од институционални и системски слабости, што ги прави медиумите подложни на злоупотреби во координирани надворешни кампањи.

    Авторите на документот, Марина Тунева и Драган Секуловски, ќе ги презентираат клучните наоди и препораките, додека претставници на медиумите ќе споделат искуства за онлајн напади врз комуникациските канали на редакциите.

    Директорот на Агенција за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, Зоран Трајчевски, како и раководителката на секторот за сајбер безбедност во Министерството за дигитална трансформација, Тања Милановска Најдовски, ќе дадат осврти за тоа како овие предизвици се адресираат преку новите европски медиумски закони, меѓу кои Европскиот закон за слобода на медиумите (EMFA), Законот за дигитални услуги (DSA) и Европскиот закон за сајбер безбедност (EU Cyber Security Act).

    Настанот го организира ИКС во рамки на проектот „Следење, откривање и разобличување на скриеното странско мешање и манипулирање со информации“, кој е поддржан од Британската амбасада во Скопје.

    Прочитај повеќе

    Студентите бараат 200 денари за оброк

    28.10.2026 во 17:05

    Приведените за двете убиства во Ѓорче Петров признале во полиција – жртвите биле врзувани и претепувани

    28.10.2026 во 16:54
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.