Close Menu
Press24
    Најново

    Нафтата поевтинува но во понеделник е можно ново поскапување на дизелот

    18.09.2026 во 12:13

    Пензионер загина во Охрид: Паднал од мотор

    18.09.2026 во 12:20

    Делчево: Се чуделе како возел кога виделе колку е пијан

    18.09.2026 во 12:06
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Спомен на чудата на Свети Архангел Михаил
    • САД и Данска постигнаа договор за Гренланд: Вашингтон добива трајно воено присуство, суверенитетот останува во Копенхаген
    • И „Анима Мунди“ бара истрага за случајот со дивокозите
    • ЗНАМ очекува уште еден заменик-министер во Владата
    • СДСМ до премиерот: Живееш во бајка
    • СДСМ Центар возвраќа: Големи политички амбиции, а не ги знаат ни основните надлежности
    • 11 возачи завршија во станица: Возеле безобѕирно, а некои немале ни дозвола
    • Митева за МИА од Атина: Силата на жените е во нивното учество, одговорност и можност да носат одлуки
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Хорор во Свети Николе: 15 часа ја тепал бремената девојка, со ладна вода ја освестувал за да продолжи да ја малтретира

    Хорор во Свети Николе: 15 часа ја тепал бремената девојка, со ладна вода ја освестувал за да продолжи да ја малтретира

    21.02.2026 во 14:151 Min Read
    ФОТО: Press24
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Основното јавно обвинителство во Свети Николе експресно поднесе обвинение против 21-годишен маж, откако на виделина излегоа застрашувачки детали за семејно насилство извршено врз неговата бремена девојка.

    Според информациите од Обвинителството, инцидентот се случувал на 19 и 20 февруари во нивната семејна куќа. Насилникот прво вербално ја навредувал својата партнерка со која живеел во заедница, по што започнал брутално да ја удира со тупаници. Откако несреќната жена се онесвестила од силината на ударите, тој ја одвлекол во бањата и ја освестил со ладна вода, само за да продолжи со изживувањето – влечејќи ја за коса и задавајќи ѝ нови удари по главата и телото.

    Кога жртвата, која се здобила со повеќе телесни повреди, се обидела да побегне, обвинетиот ѝ го одзел мобилниот телефон и ја заклучил во спалната соба. Таму ја држел против нејзина волја цели 15 часа.

    Поради тежината на делата – телесна повреда при семејно насилство и противправно лишување од слобода, надлежниот јавен обвинител до судот достави и предлог за одредување мерка притвор. Од ОЈО додаваат дека во тек се проверки и за други можни злоупотреби кои насилникот ги вршел врз истата жртва, а кои произлегле од нејзиниот исказ даден пред истражните органи.

    Прочитај повеќе

    11 возачи завршија во станица: Возеле безобѕирно, а некои немале ни дозвола

    19.09.2026 во 14:53

    20-годишник прегази пешак кај Мирковци

    19.09.2026 во 13:19
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.