Close Menu
Press24
    Најново

    Вајц: Северна Македонија да испорача реформи – ЕУ да и помогне за надминување на пречките

    19.02.2026 во 11:22

    Муцунски: “Коридорот 8” е доказ дека може да соработуваме со Бугарија

    19.02.2026 во 11:18

    „Телеграм“ возвраќа: Руските тврдења за пристап до нашите пораки се чиста лага

    19.02.2026 во 11:11
    Facebook X (Twitter) Instagram
    Актуелно
    • Вајц: Северна Македонија да испорача реформи – ЕУ да и помогне за надминување на пречките
    • Муцунски: “Коридорот 8” е доказ дека може да соработуваме со Бугарија
    • „Телеграм“ возвраќа: Руските тврдења за пристап до нашите пораки се чиста лага
    • Инспекторите на Герасимовски ги тресат градилиштата – паднаа големи казни
    • Муцунски: Многу сме блиску до склучување договор со САД – највисоката тарифа ќе ни биде 15 отсто
    • Готвачката од вилата на Тито го прекина молчењето: Реши да ја открие тајната
    • СДСМ до Владата: Објавете кој патувал заедно со Мицкоски во авионот
    • Милевски: Минималната плата ќе се усогласи преку дијалог помеѓу синдикатите и работодавачите
    • Најново
    • Популарно
    • Facebook
    • Twitter
    • Instagram
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Вајц: Северна Македонија да испорача реформи – ЕУ да и помогне за надминување на пречките

    Вајц: Северна Македонија да испорача реформи – ЕУ да и помогне за надминување на пречките

    19.02.2026 во 11:22
    Сподели
    Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

    Европратеникот Томас Вајц, известувач на Европскиот парламент за Македонија, во годишниот нацрт-извештај за напредокот на земјата, кој ќе биде презентиран на 26 февруари пред Комитетот за надворешни работи на ЕП (АФЕТ), нагласува дека за евроинтеграцијата е клучно сите политички актери, особено Владата, да покажат опипливи резултати во важните области, додека ЕУ и нејзините членки мораат да ги исполнат своите обврски, вклучително и преку активен дипломатски ангажман.

    Вајц потсетува дека ова е негов втор извештај за земјата од 2022 година, кој следи по првиот усвоен од ЕП минатата година, и дека документот има цел да обезбеди балансирана и објективна оценка на напредокот на Северна Македонија во процесот на пристапување, согласно Пакетот за проширување на ЕК за 2025 година.

    – Северна Македонија се наоѓа во тешка позиција поради сопрен процес на пристапување. И покрај некои позитивни реформи, напредокот во клучните области како владеење на правото, правосудството и борбата против корупцијата е недоволен. Причини се изборната кампања, ограничените капацитети во јавната администрација и недостигот на долгорочна политичка посветеност, вели Вајц.

    Тој посочува дека не е постигнат напредок околу уставните измени, поради можни билатерални блокади од соседна Бугарија, и нагласува дека е потребно итно зголемување на политичката волја од двете страни за надминување на ќорсокакот.

    – Во време на глобални промени, особено поради војната на Русија против Украина и неизвесноста околу иднината на трансатлантската алијанса, клучно е Европа да остане обединета. Тоа отвора можности за забрзување на процесот на пристапување, кој сепак останува заснован на заслуги, особено во фундаменталните области како владеење на правото. Затоа е суштински сите политички актери во Северна Македонија да обезбедат опипливи и убедливи резултати во овие области, без одлагање, нагласи Вајц.

    Тој посочува дека реформите во владеењето на правото се важни не само за приближување кон ЕУ, туку и за изградба на просперитетна и отпорна држава, која служи на сите граѓани. Функционално владеење на правото и стабилна инвестициска клима се предуслови за одржлив економски развој и за целосно користење на интеграциските процеси и проекти од ЕУ.

    Вајц додава дека ЕУ и нејзините членки мораат да ја поддржат земјата преку активен дипломатски ангажман и да ѝ помогнат да ги надмине постојните пречки. Тој останува посветен на поттикнување стабилно, конструктивно и проевропско мнозинство за поддршка на пристапувањето на Северна Македонија во ЕУ.

    Нацрт-извештајот ќе помине низ сите филтри во ЕП пред пленарна седница, при што може да се прават амандмански измени, а неговата конечна верзија ќе биде позната по завршување на сите фази.

    Во документот се изразува целосна поддршка за посветеноста на земјата кон членство во ЕУ и активноста на македонските граѓани во интеграцијата, но се препорачува обновување на политичката посветеност, уставните измени, конструктивна меѓупартиска соработка и ефективен парламентарен надзор.

    Во делот за медиуми и граѓанско општество се истакнува потребата за поголема независност на медиумите, борба против дезинформации и активно вклучување на граѓаните во реформите.

    Во областа на основните права се посочува потреба од подобрувања во родовата еднаквост, правата на немнозинските заедници, лицата со попреченост и ЛГБТ заедницата.

    Во делот за владеење на правото, политичката поларизација, слабата меѓупартиска соработка и намалената доверба во институциите продолжуваат да влијаат на спроведувањето на клучните реформи, особено во правосудството и борбата против корупцијата.

    Во социјално-економските реформи се поздравуваат првите чекори на Реформската агенда, но се укажува на потребата за дополнителни напори, како активирање на пазарот на труд.

    Напредокот во животната средина, енергијата, транспортот и биодиверзитетот е поздравен, особено во контекст на Законот за енергетика и Коридорите 8 и 10, но се посочува потребата за повеќе инвестиции и законодавни подобрувања.

    Во областа на регионалната соработка и надворешната политика се поздравува конструктивното учество на земјата и усогласеноста со надворешната политика на ЕУ, со повик за доследна соработка со соседите.

    По презентирањето на нацрт-извештајот на 26 февруари, следи разгледување од политичките групи, гласање во АФЕТ и пленарна седница пред летната пауза.

    Во претходниот извештај ЕП од јули 2023, усвоен со 461 глас „за“, 121 „против“ и 107 „воздржани“, не беше содржана формулацијата за „македонски идентитет и јазик“. Вајц истакна дека земјата е регионален лидер, со вистинска посветеност на вредностите на ЕУ, но дека пристапувањето е неправедно блокирано поради билатерални спорови, предизвикувајќи јавна фрустрација.

    Популарно

    Полицијата ќе “ве удри по џеб” – Спремете 45 евра ако ве фатат без ова во возилото

    19.02.2026 во 08:27

    Итно го пренеле на скопските Клиники – Тешко повреден работник

    19.02.2026 во 08:16

    Зеленски: Не знам Путин кога ќе нападне – може во секој момент

    19.02.2026 во 09:15

    Дожд, снег, невреме – УХМР најави каков четврток не очекува

    19.02.2026 во 07:55

    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.