Close Menu
Press24
    Најново

    Тошковски: Донација вредна милион евра од САД за „бомбашката единица“ – македонската полиција добива „челичен штит“ против тероризмот

    18.02.2026 во 15:51

    Муцунски од Тирана: Македонија е централна точка на Коридорот 8 – проектот станува европски приоритет за безбедност

    18.02.2026 во 15:49

    Полицијата прави чистка на патиштата: Шест возачи завршија во полициска станица – малолетник и жена меѓу приведените

    18.02.2026 во 15:31
    Facebook X (Twitter) Instagram
    Актуелно
    • Тошковски: Донација вредна милион евра од САД за „бомбашката единица“ – македонската полиција добива „челичен штит“ против тероризмот
    • Муцунски од Тирана: Македонија е централна точка на Коридорот 8 – проектот станува европски приоритет за безбедност
    • Полицијата прави чистка на патиштата: Шест возачи завршија во полициска станица – малолетник и жена меѓу приведените
    • Со 63 гласа „за“ Гоце Наумовски е избран за нов уставен судија
    • Двајца македонски државјани завршија во притвор поради 5-те тони марихуана во Србија
    • Дурмиши: Минималната плата е повеќе дневнополитичка тема отколку реално барање
    • Притвор за двајца осомничени за петте тони марихуана во Србија
    • Тетовчанка со „Голф“ излета од патот и удри во метална ограда
    • Најново
    • Популарно
    • Facebook
    • Twitter
    • Instagram
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Тошковски: Донација вредна милион евра од САД за „бомбашката единица“ – македонската полиција добива „челичен штит“ против тероризмот

    Тошковски: Донација вредна милион евра од САД за „бомбашката единица“ – македонската полиција добива „челичен штит“ против тероризмот

    18.02.2026 во 15:51
    Сподели
    Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

    Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска во кругот на министерството присуствуваше на предавање на опрема обезбедена во соработка со Американската амбасада во Македонија и програмата АТА. Се работи за донација за опрема за потребите на Единицата за откривање и демонтирање на експлозивни средства и направи во Секторот за борба против тероризам, насилен екстремизам и радикализам при Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал.

    „Денес покажуваме дека нашето стратешко партнерство со САД е на одлично ниво. Упатувам огромна благодарност на целиот тим на американската амбасада во Македонија. Нивната лична заложба креира додадена вредност да ја обезбедиме оваа значајна опрема која е донирана од страна на американската држава. Имаме опрема којашто е донирана на единицата за откривање и демонтирање на експлозивни средства или „бомбашката единица“, којшто е клучна за Македонија во рамки на професионалното делување на МВР. Се работи за најсовремена опрема во вредност околу милион евра и сите припадници на единицата веќе имаат поминато соодветна обука исто така организирана од страна на амбасадата. Со ваков тип на опрема се штити човечкиот живот и на граѓаните и на професионалците во МВР“, потенцираше министерот Тошковски.

    Конкретно се работи за високософистицирана опрема, во вредност од околу еден милион евра, како роботи за справување со импровизирани направи, неексплодирани минско експлозивни и други убојни средства, бомбашки одела, телескопски манипулативни раце, детектори на експлозивни средства, фибер оптички камери, рендген апарати за откривање на експлозивни средства, специјализирано возило за пренос на опремата и обуки на припадниците на Едницата за откривање и демонтирање на екслпзивни средства и направи, за користење на опремата преку програмата АТА.

    Вршителот на должност амбасадор на САД во Македонија, Никол Варнс потенцираше дека оваа донација ја претставува заедничката посветеност кон засилување на капацитетите на министерството за одговор на вакви видови закани, заштита на заедницата и животите на граѓаните.

    „Заедничката посветеност на министерството и амбасадата е пресудна во успехот на нашите две земји и се радувам и на идната соработка. Припадниците на Одделот за минско експлозивни средства во нивната работа се исправени пред неверојатен ризик. Тие се движат кон опасноста, за останатите да бидеме безбедни. Ги заслужуваат најквалитетните алатки и опрема, да ги извршуваат своите обврски безбедно и ефективно. Ова возило и опрема ќе го зголемат нивниот капацитет да ги детектираат, проценат и неутрализираат заканите од експлозиии, со поголема брзина, прецизност и координација. Денешната поддршка го потенцира нашиот заеднички интерес за безбедност и стабилност. Кога капацитетите на Република Северна Македонија се засилени, кога заканите се идентификувани и соодветно и брзо адресирани, придобивките се и за двете нации. Силното билатерално партнерство како нашето е клучно да обезбеди безбедност и да се справи со предизвиците, пред тие да ескалираат. Тоа го прават партнерите од доверба.“, потенцираше вршителот на должност амбасадор Варнс.

    Популарно

    ФОТО: “Кога не се чувствуваш баш добро, а мора…”- Последната објава на починатиот Виктор од Прилеп

    18.02.2026 во 08:34

    Собранието гласа за нов уставен судија

    18.02.2026 во 08:21

    Аларм од СЗО за цела Европа: Се заканува нов вирус, болките траат пет години

    18.02.2026 во 11:12

    МВР со апел, не наседнувајте на измами: Жена остана без 3.000 евра, на други им барале 20.000

    18.02.2026 во 09:16

    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.