Close Menu
Press24
    Најново

    Брнабиќ тврди дека се подготвува апсење на Вучиќ

    28.10.2026 во 23:42

    20 години од смртта на Наско Џорлев

    28.10.2026 во 23:19

    Тешко повредени двајца млади велешани, со автомобил удриле во дрво

    28.10.2026 во 23:02
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Брнабиќ тврди дека се подготвува апсење на Вучиќ
    • 20 години од смртта на Наско Џорлев
    • Тешко повредени двајца млади велешани, со автомобил удриле во дрво
    • Ноа Вaјл прогласен за најсексипилен маж
    • Пет планети се ретроградни, еден знак особено ќе ја доведе во прашање љубовта
    • Патници на луксузен крузер останаа заглавени во Камбоџа поради драстичниот раст на цените на горивата
    • Пет намирници што жените над 50 години треба почесто да ги јадат
    • Неочекуван потег од Брисел: Канада останува без здруженото членство во европските механизми
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Компостирање во ровови – практична техника за справување во био-отпадот од домаќинствата во пери-урбани и рурални средини

    Компостирање во ровови – практична техника за справување во био-отпадот од домаќинствата во пери-урбани и рурални средини

    07.02.2026 во 11:366 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Што е тоа компост?

    Компостот е природен органски материјал добиен со контролирано разградување на био-отпадот – процес во кој микроорганизми (бактерии и габи), со присуство на кислород, влага и соодветна температура, ги претвораат органските остатоци во стабилна „почвена хумусна“ маса. Резултатот е органски, темен, ронлив материјал со земјен мирис, кој ја подобрува структурата на почвата, ја зголемува нејзината плодност, и придонесува за намалена потреба од вештачки ѓубрива, а со тоа и поквалитетни земјоделски производи.

    Од што се добива компост?

    Компостот најчесто се добива од мешавина на „зелени“ и „кафеави“ материјали. „Зелените“ материјали се свежи, влажни и богати со азот, како на пример остатоци од овошје и зеленчук, талог од кафе, чај, свежо косена трева, зелени листови.

    „Кафеавите“ се суви и богати со јаглерод т.е. суви листови, слама, ситни гранчиња, струготини од необработено дрво, картон/хартија без печатени бои и пластика. Со цел постигнување максимален ефект во најкус временски период, препорачливо е „зелените“ и „кафеавите“материјали меѓусебно да се комбинираат во приближно балансиран однос (повеќе „кафеави“ за да нема непријатни мириси и премногу влажност). Процесот на компостирање ќе биде целисходен само доколку се исполнети следниве три услови: оптимален процент на влага на ровот (како исцеден сунѓер),периодично проветрување (кислород) и доволно време. Во компостот не се ставаат месо, риба, млечни производи, масна храна, измет од миленици, пластика и материјали со хемиски премази бидејќи истите значително ќе влијаат врз квалитетот на органската маса.


    Компостирањето во ровови (понекогаш наречено „закопување на био-отпад“ или trench composting) е едноставна, нискобуџетна и многу распространета техника, особено во дворови, градини, овоштарници и мали земјоделски парцели. Самата техника подразбира дека наместо во компостер, био-материјалот се поставува во ископан ров и се покрива со земја, каде што постепено се разградува и ја збогатувапочвата директно „на лице место“.

    Методот на компостирање во ровови се применува многу едноставно и е особенопрактичен за дворови, градини и помали парцели. Процесот започнува со избор соодветна локација во градината или дворот, по можност на место каде што се планира садење во следната сезона – на пример во меѓуредите, по периферијата на леите или во близина на овошни дрвја. Потоа се ископува ров со вообичаена длабочина од 20 до 40 сантиметри и ширина од 20 до 30 сантиметри, при што димензиите може да се приспособат во зависност од типот на почвата и количината на органски материјал што се располага. Во ровот се додава био-материјал во слоеви,
    најчесто комбинација од кујнски растителен отпад и „суви“ материјали како суви листови, слама или картон, со што се обезбедува подобар баланс на материјалите и се намалува ризикот од непријатни мириси. Доколку внесениот материјал е премногу сув, може лесно да се навлажни за да се поттикне процесот на разградување. По полнењето, ровот целосно се покрива со земја – препорачливо со слој од најмалку 10 до 15 сантиметри – и земјата се набива умерено, со цел да се спречи излегување мириси и да се ограничи пристапот на животни. На крај, локацијата се означува за да се знае каде е поставен ровот. Разградувањето најчесто трае од неколку недели до
    неколку месеци, при што процесот е побрз во потоплите сезони; по завршување, почвата на тоа место станува потемна, поронлива и видливо побогата.

    Оваа техника е толку популарна затоа што овозможува минимален мирис и помала појава на инсекти, бидејќи органскиот отпад е покриен со земја и не е изложен на воздух како кај купчините.

    Дополнително, не е потребно редовно превртување и одржување како кај класичната компостна купчина, а придобивките се директни – органската материја и хранливите елементи остануваат во зоната на коренот и веднаш придонесуваат за подобрување на почвата.

    Методот е особено погоден за домаќинства со двор или градина, каде што количините на био-
    отпад се умерени и има доволно простор за примена, при што трошоците се минимални, а не
    е потребна никаква специјална опрема.

    За најдобар ефект, рововите треба да се планираат на безбедно растојание од бунари и водотеци и да се избегнуваат места каде што се задржува вода, бидејќи прекумерната влага може да го забави процесот и да создаде непожелни услови. Во зимски период разградувањето природно е побавно, па затоа овој метод често се користи како „инвестиција“ за пролетната сезона, кога почвата ќе биде подготвена и збогатена. Доколку се располага со поголеми количини органски отпад, практично решение е да се применува ротација – на пример, да се користи еден ров во еден период, а потоа следен ров на друга локација – со што се избегнува преоптоварување на едно место. Клучна препорака за добар баланс и побрза разградаба е секогаш покрај влажниот кујнски отпад да се додава и сув материјал како лист, слама или картон, што ја стабилизира мешавината и ја подобрува ефикасноста на компостирањето.

    Град Скопје и општините на градот се соочуваат со сериозни предизвици кога станува збор за воспоставување на целосно интегриран и функционален систем за селекција и третман на био-
    отпадот. Во таа смисла, промовирањето на едноставни, децентрализирани практики на компостирање – особено компостирањето во ровови – може да биде реална и брзо применлива мерка.

    Општините можат да ја поттикнат оваа пракса во рамките на локалните програми за управување со отпад, урбано зеленило и климатска акција. Понатаму, може преку едукативни кампањи, демонстративни градини и пилот-локации во училишта и јавни установи, како и преку поддршка на домаќинствата и заедниците што имаат дворни површини да придонесат кон намалуцањето на оваа фракција на отпад во вкупните количини на депониран отпад.. На тој начин, дел од био-отпадот ќе се пренасочи од контејнерите и депонијата Дрисла кон јавните или приватните дворни површини како природно ѓубриво за почвата и растенијата.Со тоа ќе се намалат непријатните мириси и товарот врз комуналните служби, а ќе се зајакне локалната
    култура на одговорно постапување со органскиот отпад – чекор што е во линија со
    современите принципи на циркуларна економија и поодржливо управување со
    животната средина во Скопје.

    Оваа статија е подготвена во рамките на проектот „Граѓански активизам за остварување на циркуларна економија во управувањето со органски отпад“ поддржан од Владата на Швајцарија преку Цивика мобилитас.
    Содржината на оваа статија е единствена одговорност на Центар за ресурси во животна средина (РЕЦ) – Северна Македонија, Еко Логик и Флорозон – Центар за еколошка демократија и на ниту еден начин не може да се смета дека ги одразува гледиштата на владата на Швајцарија, Цивика мобилитас, или организациите што ја спроведуваат.

    Прочитај повеќе

    Тешко повредени двајца млади велешани, со автомобил удриле во дрво

    28.10.2026 во 23:02

    Министерот Ферати учествуваше на панел-дискусија на тема „Охридскиот рамковен договор и генерацијата што не чека: 25 години зад нас, 25 години пред нас“

    28.10.2026 во 21:30
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.