Close Menu
Press24
    Најново

    Топло уште во осум часот – УХМР најавува топол ден, но и силно невреме

    17.06.2026 во 08:33

    Трагедија во регионот: Гром усмрти маж пред прагот на куќата – Невреме доаѓа и кон Македонија

    17.06.2026 во 08:23

    Тешка несреќа го разбуди Скопје – Се судрија камиони, едниот смачкан

    17.06.2026 во 08:16
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Топло уште во осум часот – УХМР најавува топол ден, но и силно невреме
    • Трагедија во регионот: Гром усмрти маж пред прагот на куќата – Невреме доаѓа и кон Македонија
    • Тешка несреќа го разбуди Скопје – Се судрија камиони, едниот смачкан
    • Ќе нема струја до 15 часот – Најавени исклучувања низ Скопје
    • Муцунски во Даблин на средби со ирски државни претставници – ЕУ во фокусот
    • Подобри услови за пациентите: Мицкоски во посета на реконструираната болница во Струмица
    • „Страв и надеж“ вечерва на сцената на Македонскиот народен театар
    • Експерти, институции и млади на дебата за социјално претприемништво во Скопје
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Македонски Телеком ги отфрла незаконските обвинувања и очекува да се применат принципите на владеење на правото

    Македонски Телеком ги отфрла незаконските обвинувања и очекува да се применат принципите на владеење на правото

    27.01.2026 во 17:163 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Како одговорна компанија, Македонски Телеком чувствува обврска јавно да ги демантира невистинитите и неаргументирани тврдења изнесени во јавноста поврзани со постапката која се води пред надлежните институции, а произлегуваат од предметот помеѓу Македонски Телеком и Фокуснет.

    И покрај тоа што оваа постапка според Законот за Судски совет е тајна, во јавноста беа изнесени нецелосни и неточни информации од страна на суспендираната судијка Наташа Савовска Димитровска и нејзиниот полномошник, со што јавноста се доведува во заблуда. Токму поради тајноста на постапката и законските ограничувања, компанијата не е во можност да ја достави на јавен увид целосната одлуката на Републичкиот судски совет, која на 73 страни ги аргументира причините за нејзино разрешување и суспендирање.

    Но, во интерес на точното информирање, базирано на факти, компанијата сака да ги појасни своите позиции во врска со овој предмет. Имено, се работи за скоро две децениски судски спор, кој Македонски Телеком го води со Фокуснет, за наводна штета што Македонски Телеком му ја нанел на Фокуснет .

    Фокуснет е компанија со блокирана сметка повеќе од 20 години. И покрај тоа, Фокуснет бара милионски суми отштета, за наводно претрпена штета за бизнис кој е непостоечки. Првосетепениот суд го одбил тужбеното барање на Фокуснет и утврдил дека нема основа за наплата на штета. Во второстепената постапка по жалба на Фокуснет, Апелациониот суд во Скопје, без одржување на јавна расправа  ја преиначува првостепената пресуда непосредно пред судската ферија и носи одлука дека Македонски Телеком  треба да исплати штета на Фокуснет од речиси 4 милиони евра.

    Македонски Телеком согласно законски расположливите средства, упати барање до Републички судски совет поради сомневањата за незаконско водење на второстепената постапка.

    Имено, во јавно објавените информации во Извештајот на комисијата за утврдување на факти при Судскиот совет од август 2024 година,  утврдени се сериозни индиции за постоење на два записници заради кои Судскиот совет го алармирал Јавното обвинителство.

    Понатаму, од страна на Комисијата за утврдување на факти при Судскиот совет во август 2024 година, констатирано е дека во жалбениот предмет се најдени доверливи интерни документи на Македонски Телеком, кои не биле изведени како докази ниту во првостепена, ниту во второстепена постапка, ниту се јавно достапни.

    На ваков незаконски начин Апелациониот суд Скопје  ја преиначи одлуката на првостепениот суд и на компанија со блокирани сметки повеќе од 23 години и без вработени и досуди отштета од речиси 4 милиони евра.

    Македонски Телеком верува надлежните институции да постапат согласно законот и дека владеењето на правото ќе биде во целост применето.

    Македонски Телеком

    Прочитај повеќе

    Топло уште во осум часот – УХМР најавува топол ден, но и силно невреме

    17.06.2026 во 08:33

    Тешка несреќа го разбуди Скопје – Се судрија камиони, едниот смачкан

    17.06.2026 во 08:16
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.