Close Menu
Press24
    Најново

    Нафтата поевтинува но во понеделник е можно ново поскапување на дизелот

    18.09.2026 во 12:13

    Доаѓа силен Ел Нињо – какво време нè очекува во текот на зимата

    18.09.2026 во 23:32

    Делчево: Се чуделе како возел кога виделе колку е пијан

    18.09.2026 во 12:06
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Спомен на чудата на Свети Архангел Михаил
    • САД и Данска постигнаа договор за Гренланд: Вашингтон добива трајно воено присуство, суверенитетот останува во Копенхаген
    • И „Анима Мунди“ бара истрага за случајот со дивокозите
    • ЗНАМ очекува уште еден заменик-министер во Владата
    • СДСМ до премиерот: Живееш во бајка
    • СДСМ Центар возвраќа: Големи политички амбиции, а не ги знаат ни основните надлежности
    • 11 возачи завршија во станица: Возеле безобѕирно, а некои немале ни дозвола
    • Митева за МИА од Атина: Силата на жените е во нивното учество, одговорност и можност да носат одлуки
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Црн биланс на патиштата во Македонија: Прегазени три жени – итно пренесени во болница

    Црн биланс на патиштата во Македонија: Прегазени три жени – итно пренесени во болница

    27.01.2026 во 10:122 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Изминатиот ден помина со серија тешки сообраќајни незгоди во кои настрадаа пешаци. Според информациите од МВР, три жени се здобиле со тешки телесни повреди откако во нив удриле возила и мотоцикл во три различни градови низ државата.

    На 26.01.2026 околу 17:20 часот во СВР Скопје е пријавено дека на крстосница од ул.„Васил Ѓоргов“ и ул.„Шарски Одреди“ во Скопје, патничко возило „фолксваген фокс“ со скопски регистарски ознаки, управувано од З.А.(60) од Скопје, удрило во пешакот Б.К.(59) од Скопје. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила 59-годишната Б.К., констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“ Скопје. Извршен е увид од увидна екипа на СВР Скопје.

    На 26.01.2026 околу 19:25 часот во СВР Куманово е пријавено дека на ул.„Народна Револуција“ во Куманово, патничко возило „даеву тико“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од М.Ј.(23) од Куманово, удрило во С.К.(67) од Куманово. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила 67-годишната С.К., констатирани во Општа болница Куманово. Извршен е увид од увидна екипа на СВР Куманово.

    На 26.01.2026 во 17:48 часот во СВР Битола е пријавено дека на ул.„Смилевски конгрес“ во Битола, мотоцикл удрил во пешакот С.Д.(76) од Битола и го напуштил местото на настанот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила 76-годишната С.Д., констатирани во болницата во Битола. Извршен е увид од увидна екипа на СВР Битола.

    Прочитај повеќе

    11 возачи завршија во станица: Возеле безобѕирно, а некои немале ни дозвола

    19.09.2026 во 14:53

    20-годишник прегази пешак кај Мирковци

    19.09.2026 во 13:19
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.