Close Menu
Press24
    Најново

    Кралски тајни: Како принцот Вилијам користел лажно име на факултет за да живее како обичен студент

    15.05.2026 во 23:33

    Вештачката интелигенција помогна да се отклучи заборавено биткоин богатство вредно 400.000 долари

    15.05.2026 во 22:45

    Аракчи од Њу Делхи: Иран секогаш ќе биде заштитник и чувар на безбедноста во Ормускиот Теснец

    15.05.2026 во 22:35
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Кралски тајни: Како принцот Вилијам користел лажно име на факултет за да живее како обичен студент
    • Вештачката интелигенција помогна да се отклучи заборавено биткоин богатство вредно 400.000 долари
    • Аракчи од Њу Делхи: Иран секогаш ќе биде заштитник и чувар на безбедноста во Ормускиот Теснец
    • Дописничка од Белата куќа: „Сѐ што добивме од Кина заврши во ѓубре пред да се качиме во претседателскиот авион“
    • Трамп по враќањето од Кина: Само САД и Пекинг можат да го извлечат иранскиот „нуклеарен барут“ од урнатините
    • Трамп бара кинеска помош за војната со Иран, Си претпазлив околу Ормутскиот Теснец
    • Димитријевиќ: Скандалозно е премиерот јавно да признава дека му сугерира на обвинителот како да постапува
    • УХМР предупредува: Сабота носи силно невреме со пороен дожд, град и засилен ветер ширум државата
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Царинска „жетва“ на граничните премини: Запленети златни плочки, илјадници евра, накит и 60 литри ракија скриена во покрив на возило

    Царинска „жетва“ на граничните премини: Запленети златни плочки, илјадници евра, накит и 60 литри ракија скриена во покрив на возило

    20.01.2026 во 14:103 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Царинската управа на Македонија излезе со детален извештај за засилените контроли на граничните премини, при што мобилните тимови и царинските службеници спречија неколку обиди за нелегален внес и изнес на стока и девизи.

    Најголемите заплени се регистрирани на граничните премини Табановце, Ќафасан, Богородица, Деве Баир и Стење, каде што се одземени златни монети, поголеми суми на непријавени евра, цигари, па дури и ветеринарни лекови и домашна ракија.

    Злато и евра во џебови на Табановце

    Највпечатливиот случај е регистриран на ГП Табановце при излез од државата. Кај двајца грчки државјани бил извршен личен претрес. Во џебот од јакната на возачот цариниците пронашле 23.900 евра, додека во неговиот паричник и во предниот џеб од панталоните биле скриени три златни монети (секоја тешка по речиси 8 грама) и една златна плочка со маса од околу 90 грама.

    Согласно законските прописи за девизно работење, на патникот му биле вратени 10.000 евра (дозволен износ за слободен изнес), додека остатокот од 13.900 евра, заедно со златото, се привремено задржани.

    Серија девизни прекршоци на Ќафасан и Богородица

    Покрај случајот на Табановце, регистрирани се уште два обиди за нелегален пренос на пари:

    • ГП Ќафасан (влез): При контрола на автомобил, кај совозачот биле пронајдени 20.000 евра. На лицето му се вратени 10.000 евра, а преостанатите 10.000 се задржани.
    • ГП Богородица (излез): Четворица патници се обиделе да изнесат вкупно 20.000 евра (секој по 5.000). Бидејќи за оваа сума е потребна потврда од банка или менувачница при изнес од државата, а тие не ја поседувале, на секој од патниците му биле вратени само по 2.000 евра. Вкупно 12.000 евра (по 3.000 од патник) се одземени.

    Шверц на накит и цигари во автобус на Деве Баир

    На граничниот премин Деве Баир, при контрола на автобус со турски регистарски таблички на влез во земјава, откриен е обид за шверц на комерцијална стока. Цариниците пронашле:

    • 30 штеки цигари со турски акцизни маркички (скриени во фабричка празнина во просторот за одмор на возачите);
    • 279 парчиња бижутерија и 30 килограми мониста (скриени во кеса во багажот).

    Вкупната вредност на оваа непријавена стока е 73.780 денари, а со обидот за шверц биле избегнати давачки од над 75.000 денари.

    Ракија во покривот и музичка опрема во багажот

    Инвентивноста на шверцерите се покажала на Табановце, каде по насоки од Дежурниот царински центар било детално прегледано возило чиј возач пријавил само сирење и патни торби. Сепак, цариниците пронашле 60 литри домашна ракија во пластични шишиња и туби, вешто скриени во задните врати под тапацирот, во кровот на возилото, па дури и под хаубата.

    На истиот премин, друг патник кој поседувал АТА-карнет (документ за привремен извоз/увоз), се обидел да прошверцува стока која не била на листата. Меѓу пријавените инструменти биле пронајдени и непријавени 4 нови звучни кутии, употребувана електрична гитара и модул за електрични тапани.

    Дополнително, на ГП Стење, кај странец со живеалиште во Прилеп, во чанта биле откриени и одземени 17 шишиња (од 100 и 250 мл) со течност за инјекции за животни.

    Прочитај повеќе

    Димитријевиќ: Скандалозно е премиерот јавно да признава дека му сугерира на обвинителот како да постапува

    15.05.2026 во 21:15

    УХМР предупредува: Сабота носи силно невреме со пороен дожд, град и засилен ветер ширум државата

    15.05.2026 во 20:09
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.