Close Menu
Press24
    Најново

    Приведен полицаец – пукал со службениот пиштол пред ресторан во Кратово

    02.08.2026 во 16:02

    Семејна драма во неготинско: Пијан син се самоповредил со остар предмет, па го нападнал татка си

    02.08.2026 во 15:50

    Пожар во маркет во центарот на Скопје: Горела кујната за готови јадења

    02.08.2026 во 15:38
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Приведен полицаец – пукал со службениот пиштол пред ресторан во Кратово
    • Семејна драма во неготинско: Пијан син се самоповредил со остар предмет, па го нападнал татка си
    • Пожар во маркет во центарот на Скопје: Горела кујната за готови јадења
    • Берово: Четиригодишно девојче итно пренесено во болница откако проголтало капсула за перење
    • Драма во Охрид: По расправија за паркинг, 73-годишник вперил пиштол кон скопјанец
    • Тошковски на Илинден од Пелинце: Да ја јакнеме државата и да ги негуваме вредностите што ни ги оставија илинденците и асномците
    • Змија влегла во куќа во струмичко – интервенирале пожарникарите
    • Гори кај Кванташки пазар – ЦУК со најнови детали
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Камбовски уверен во изборот на Сиљановска-Давкова за членови на Судскиот совет

    Камбовски уверен во изборот на Сиљановска-Давкова за членови на Судскиот совет

    12.01.2026 во 11:592 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Претседателот на републичкиот Судски совет, Александар Камбовски, изрази уверување дека претседателката Гордана Сиљановска-Давкова избрала вистински професионалци за членови на Судскиот совет, кои ќе придонесат за неговото работење.

    Одговарајќи на новинарско прашање за предложените кандидати кои треба да влезат во собраниска процедура, Камбовски посочи дека имињата ги дознале од медиумите, но дека нема сомнеж во изборот на претседателката.

    – Кандидатите на претседателката ги дознавме како и сите – од медиумите. Претседателката е, пред сè, правник, професор и не се сомневам во нејзиниот избор и верувам дека избрала вистински професионалци, кои ќе придонесат во работата на Судскиот совет. Секако, доколку ја добијат довербата од Собранието, изјави Камбовски.

    Тој се осврна и на новиот Закон за Судскиот совет, изразувајќи надеж дека законските измени ќе донесат поефикасно и поквалитетно функционирање на институцијата.

    – Секако дека се надеваме оти ќе придонесе за поефикасно работење. Јас учествував во работната група и колегите сега веќе го имаат законот, мислам – финалната верзија што беше усвоена. Го анализираме повторно, гледаме кои нешта ќе бидат променети и оптимист сум дека ќе имаме квалитетна промена во работењето на Судскиот совет, рече Камбовски.

    Во Собранието веќе се доставени материјалите за избор на Сузана Јошевска-Анастасовска и Арлинда Кадри-Шахиновиќ за членови на Судскиот совет на Република Северна Македонија, по предлог на претседателката Сиљановска-Давкова.

    Кадри-Шахиновиќ е универзитетска професорка со долгогодишна академска кариера на Факултетот за правни и политички науки при ФОН и МИТ Универзитет и поранешен член на Комисијата за помилување. Јошевска-Анастасовска е адвокатка со повеќегодишна пракса, особено во областа на кривичното право.

    Прочитај повеќе

    Приведен полицаец – пукал со службениот пиштол пред ресторан во Кратово

    02.08.2026 во 16:02

    Семејна драма во неготинско: Пијан син се самоповредил со остар предмет, па го нападнал татка си

    02.08.2026 во 15:50
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.