Close Menu
Press24
    Најново

    Утре без струја ќе останат делови од две скопски општини

    29.10.2026 во 16:56

    Мицкоски со нов предлог до студентите: Студентскиот оброк наместо 3.500 денари да вреди 4.500 денари

    29.10.2026 во 16:40

    Сиљановска-Давкова ги прими акредитивните писма од новата британска амбасадорка Маја Сивањанам

    29.10.2026 во 16:32
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Утре без струја ќе останат делови од две скопски општини
    • Мицкоски со нов предлог до студентите: Студентскиот оброк наместо 3.500 денари да вреди 4.500 денари
    • Сиљановска-Давкова ги прими акредитивните писма од новата британска амбасадорка Маја Сивањанам
    • Мицкоски: Шпекулациите за поскапа струја ќе паднат на 1 јануари
    • МВР: Уапсени поранешни и сегашни функционери од ФЗО за милионски малверзации – 11 лица кривично ќе се гонат
    • А1 Македонија партнер на 26. Скопје филм фестивал
    • Вучиќ е подготвен за дијалог, но и за соработка со „Студентската листа” – најави и ново раководство на СНС
    • Мицкоски: Предложивме студентскиот оброк да се зголеми на 4.500 денари месечно, да се воведе дигитална услуга преку М-услуги
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Три жртви за три дена: Лажен доктор од пензионери во Штип и Виница изнудил над 32.000 евра

    Три жртви за три дена: Лажен доктор од пензионери во Штип и Виница изнудил над 32.000 евра

    10.01.2026 во 14:542 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Алармантна серија на измами го тресе истокот на Македонија. Лажен лекар три дена по ред успешно измамува стари лица, користејќи ја морбидната шема со „тешко повреден роднина“. Билансот е фрапантен – во само 72 часа, од две баби и еден дедо, измамниците изнудиле вкупна сума од над 32.000 евра (околу 2 милиони денари).

    Најновата жртва е 67-годишна жена од Виница, која вчера останала без својата животна заштеда. Таа во 15:00 часот во ОВР Виница пријавила дека била ограбена на подмолен начин, губејќи 12.400 евра (760.000 денари). Драмата започнала со телефонски повик од машки глас кој се претставил како хирург. Со драматичен тон, „лекарот“ ѝ соопштил дека нејзината снаа доживеала тешка несреќа на работното место, има сериозни скршеници и итно е потребна скапа операција за да се спаси нејзиниот живот. Во состојба на шок, жената веднаш отишла во банка, подигнала 12.400 евра (760.000 денари) и ги оставила на локацијата посочена од измамникот. Дури откако се слушнала со блиските, сфатила дека снаата е добра и дека парите се украдени.

    За два дена „собрал“ уште 18.400 евра (1,13 милиони денари)

    Овој случај следи по претходни два идентични напади врз пензионери во истиот регион. Претставувајќи се како ортопед, измамникот таргетирал 77-годишна жена од Штип и нејзин врсник од Виница.

    • Во Штип: 77-годишната жена била телефонски известена дека нејзината сестра е во болница со скршена нога и дека е итна операција за вградување „шипка“. Под овој изговор, таа на измамниците им предала околу 11.400 евра (700.000 денари).
    • Во Виница: 77-годишен жител вчера пријавил дека на сличен начин бил изманипулиран. „Лекарот“ го убедил дека неговата ќерка е хоспитализирана и итно мора да се оперира. Вознемирениот татко во неколку наврати ги оставал парите на договорено место, губејќи вкупно околу 7.000 евра (430.000 денари).

    Шемата е иста: Цел се фиксните телефони на пензионерите

    Полицијата предупредува дека се работи за организирана и засилена активност на измамници кои го користат истиот „модус операнди“:

    1. Целна група: Се бираат фиксни телефони на повозрасни лица кои се сами дома.
    2. Шок и паника: Се соопштува лажна вест за морбидна несреќа на син, ќерка или снаа.
    3. Итност: Се бараат пари веднаш – за „златни шипки“, операција или заташкување пред полиција.
    Прочитај повеќе

    МВР: Уапсени поранешни и сегашни функционери од ФЗО за милионски малверзации – 11 лица кривично ќе се гонат

    29.10.2026 во 16:11

    Малолетник нападнал вработена во средно училиште во Карпош

    29.10.2026 во 15:12
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.