Close Menu
Press24
    Најново

    Неофицијално: Вечерва во Прилеп уапсен виш јавен обвинител

    06.10.2026 во 19:35

    ГАЛЕРИЈА: Голема заплена на Царината – Ги фатиле со 79 кила дрога

    06.10.2026 во 10:55

    Детали: Приведениот обвинител од Прилеп ургирал во 4 предмети и барал пониски казни – колегите го снимале цело време

    07.10.2026 во 10:52
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • „Оперирал“ низ Аеродром, полицијата му најде 12 украдени велосипеди
    • Клековски: Сериите на БСЖ-вакцината се искористени до јуни годинава, без документирани несакани ефекти
    • Ѓорѓиевски: Во тек е конструкција на паркот „Жена Борец“
    • Правеле ајвар и предизвикале пожар во Горно Соње
    • Одземен му е пасошот на вишиот јавен обвинител Пецо Везироски од Битола
    • Избегал од затвор во Струмица па ја киднапирал бившата во Шуто Оризари
    • 17-годишна девојка физички и психички малтретирала од невенчниот супруг и неговите мајка и сестра
    • Семејна драма во Тетово: Со нож ѝ се заканувал на мајка си и уште една роднина
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Грчки остров нуди 500 евра месечно и дом за нови жители

    Грчки остров нуди 500 евра месечно и дом за нови жители

    09.01.2026 во 23:342 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Малиот грчки остров Антикитера започна иницијатива за привлекување нови жители, нудејќи финансиска поддршка и обезбедено сместување за оние што се подготвени да се преселат. Со само 45 постојани жители, локалните власти се обидуваат да го спречат целосното исчезнување на населението и да му дадат нов живот на островот.

    Програмата предвидува бесплатно сместување, храна и месечна финансиска поддршка за новите доселеници. Грција ќе исплаќа по 500 евра месечно во период од три години, што вкупно изнесува околу 18.000 евра по домаќинство. Иницијативата е насочена пред сè кон млади семејства и квалификувани работници кои би сакале да започнат нов живот на островот.

    Антикитера се соочува со сериозен демографски проблем – најголемиот дел од сегашното население е над 50 години, а бројот на деца е минимален. Токму затоа, проектот има цел да привлече млади семејства кои ќе помогнат во ревитализација на заедницата и одржување на основните услуги.

    Проектот го организира Грчката православна црква на Китира, која управува и со островот. Се бараат млади семејства, како и лица со занаетчиски и практични вештини, меѓу кои пекари, рибари и луѓе со деца. Планирано е да бидат примени најмногу пет семејства, а сите кандидати ќе мора да поминат интервју пред конечната одлука.

    Иако на семејствата им се ветени нови куќи, нивната изградба сè уште не е започната поради административни доцнења. Досега, ниту едно семејство не се вселило во рамките на програмата.

    До Антикитера може да се стигне со ферибот од островот Китира или од пристаништето Кисамос на Крит. Во зимскиот период на островот работи само една мала продавница со основни намирници, но има електрична енергија и интернет, што овозможува основни услови за живот, пренесува „Дневник“.

    Прочитај повеќе

    Бугарскиот производител се сомнева дека во Хрватска била дадена 10 кратно поголема доза од вакцината

    07.10.2026 во 11:15

    Безбедносна тревога во Софија: Бугарската претседателка Илијана Јотова свика седница на Советот за национална безбедност

    06.10.2026 во 23:32
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.