Close Menu
Press24
    Најново

    Филипче до Мицкоски: Не може македонска партија со бугарски пасоши

    13.05.2026 во 14:57

    Мицкоски: Градоначалникот на Карпош не поднел оставка

    13.05.2026 во 14:32

    Градежен работник паднал од висина во Кочани – итно е пренесен во Скопје

    13.05.2026 во 14:21
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Филипче до Мицкоски: Не може македонска партија со бугарски пасоши
    • Мицкоски: Градоначалникот на Карпош не поднел оставка
    • Градежен работник паднал од висина во Кочани – итно е пренесен во Скопје
    • Скопјанка паднала во шахта на Партизанска – со тешки повреди пренесена во болница
    • Несреќа на Водно: Полицаец со мотор на МВР излетал од патот за да избегне лисица
    • Апсење на скопскиот аеродром: Маж носел полн куфер со муниција
    • Судење за „Пулс“: Сведоштво за паниката и метежот, одбраната тврди дека девојките имале „душевно растројство“
    • ВЛЕН поставува граници за коцкањето: казината подалеку од училиштата и забрана за реклами
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Ја силувал и ја сечел по телото, па и ставил нож под грло – Поднесено обвинение за полов напад и уцена

    Ја силувал и ја сечел по телото, па и ставил нож под грло – Поднесено обвинение за полов напад и уцена

    13.12.2025 во 12:502 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Основното јавно обвинителство Скопје поднесе обвинение против едно лице кое се товари за извршување на две тешки кривични дела:

    1. Полов напад и силување (член 186, став 7, 3 и 1 од Кривичниот законик).
    2. Уцена (член 259, став 1 од Кривичниот законик).

    Обвинетиот, спротивно на волјата на оштетената, ја принудил да влезе во изнајмен апартман. Со примена на сила и закана дека непосредно ќе нападне врз нејзиниот живот и тело, извршил полово дејствие.

    Ѝ се заканил со нож дека ќе ја заколе, притоа нанесувајќи ѝ повреди со ножот на левата нога и слабината.

    Обвинетиот се јавувал кај својата сопруга и други лица, на кои им кажувал дека ќе ја заколе жртвата додека го држел ножот под нејзиното грло.

    Целиот настан, вклучувајќи го и принудувањето на жртвата на други полови дејствија, го снимил со мобилниот телефон.

    Два дена по нападот, обвинетиот телефонски ѝ се заканил на жртвата со намера да прибави противправна имотна корист.

    Барал жртвата да му даде 2.500 евра.

    Се заканил дека видео клипот на кој таа го задоволува ќе го објави на социјалните мрежи и на нејзини пријатели.

    Жртвата го пријавила случајот, по што било организирано примопредавање на обележани банкноти. Обвинетиот бил уапсен веднаш откако ги презел парите.

    Јавниот обвинител достави и предлог за продолжување на мерката притвор, поради опасноста од бегство и можноста обвинетиот да го повтори делото.

    Прочитај повеќе

    Градежен работник паднал од висина во Кочани – итно е пренесен во Скопје

    13.05.2026 во 14:21

    Скопјанка паднала во шахта на Партизанска – со тешки повреди пренесена во болница

    13.05.2026 во 14:16
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.