Close Menu
Press24
    Најново

    Која е сопругата на Лионел Меси? Таа се откажа од факултет поради него, а денес е ѕвезда

    08.07.2026 во 23:42

    72-годишен маж доби кривична пријава, со остар предмет ѝ упатувал закани на неговата сопруга

    08.07.2026 во 23:17

    19-годишник нападнат од тројца тинејџери, кај нив најдени тврди предмети и нож

    08.07.2026 во 22:48
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Која е сопругата на Лионел Меси? Таа се откажа од факултет поради него, а денес е ѕвезда
    • 72-годишен маж доби кривична пријава, со остар предмет ѝ упатувал закани на неговата сопруга
    • 19-годишник нападнат од тројца тинејџери, кај нив најдени тврди предмети и нож
    • Пет лица приведени по осум пријави за семејно насилство во едно деноноќие
    • Три лица приведени на фудбалски натпревaр
    • Грците воведуваат посебни мерки поради отровните зајачки риби
    • Без вода и без струја утре повеќе улици во Скопје
    • Филипче: Македонија касни цела година со реформите, додека регионот оди напред
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Фрлал со чаши кон новинарите, ги влечел и ги туркал – предложен притвор за лицето кое упадна во „Инфомакс“

    Фрлал со чаши кон новинарите, ги влечел и ги туркал – предложен притвор за лицето кое упадна во „Инфомакс“

    11.12.2025 во 16:282 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против едно лице за кривично дело – Насилство од член 386 став 3 во врска став 1, како и кривично дело – Спречување на службено лице во вршење службено дејствие од член 382 став 3 во врска со 1 од Кривичниот законик, информираа од Јавното обвинителство. 

    Осомничениот делото го извршил синоќа, во просториите на студиото на Инфомакс, во моменти додека се емитувала онлајн програма во живо.

    Како што соопштија надлежните, тој ја обил надворешната врата во дворот, како и уште две врати на објектот, влегол внатре и започнал со насилничко и агресивно однесување, заканувајќи им се на двајца новинари, гостин и уште еден вработен дека ќе ги убие поради искажани навреди за премиерот.

    – Започнал да замавнува и да пробува да се пробие и да дофати еден од новинарите, фрлал со чаши кон нив, ги влечел и ги туркал додека не го изнеле надвор и не повикале полиција. Како резултат на настанот, новинарите биле спречени во извршувањето на нивната службена должност, односно морале да го прекинат емитувањето на програмата. Исто така, од чинот на насилство сите присутни се почувствувале исплашени и загрозени за своите животи и за својата безбедност, наведуваат од ЈО. 

    Јавниот обвинител достави предлог за определување мерка притвор за осомничениот, а со оглед на добиени информации од кривичната пријава за неговата претходна здравствена состојба, во текот на постапката ќе биде наредено и психијатриско вештачење на осомничениот.

    Прочитај повеќе

    72-годишен маж доби кривична пријава, со остар предмет ѝ упатувал закани на неговата сопруга

    08.07.2026 во 23:17

    19-годишник нападнат од тројца тинејџери, кај нив најдени тврди предмети и нож

    08.07.2026 во 22:48
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.