Close Menu
Press24
    Најново

    Млада Србинка пријави хорор во изнајмен стан во Скопје

    16.03.2026 во 23:40

    Калас децидна: Европа не учествува во војната во Иран

    16.03.2026 во 23:15

    По цели 25 години, десницата во обединување да го освои Париз

    16.03.2026 во 22:55
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Млада Србинка пријави хорор во изнајмен стан во Скопје
    • Калас децидна: Европа не учествува во војната во Иран
    • По цели 25 години, десницата во обединување да го освои Париз
    • Ѕвездите ве советуваат како да го изберете идеалниот партнер за вашиот хороскопски знак
    • Белата куќа потврди: Трамп и Си ќе се сретнат, но терминот „виси“ поради светската криза
    • Политички потрес во Бања Лука: Премиерот на Република Српска, Саво Миниќ, поднесе оставка
    • Филмот „Една битка по друга“ брилираше на Оскарите
    • Енергетски крах во Куба: Целиот остров остана без струја, прогласена вонредна состојба
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Утре е голем празник за верниците: Воведение во храмот на Пресвета Богородица

    Утре е голем празник за верниците: Воведение во храмот на Пресвета Богородица

    03.12.2025 во 22:482 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

    Утре православните верници го одбележуваат празникот Воведение во храмот на Пресвета Богородица, во народот познат и како Пречиста. Празникот, кој се слави на 4 декември, е еден од најзначајните во православната традиција.

    Според црковното предание, овој ден го бележи моментот кога Пресвета Богородица, придружувана од своите родители Јоаким и Ана, за првпат стапила во храмот во Ерусалим. Според Евангелијата, родителите дале завет дека ако добијат дете, ќе го посветат во служба на Бога. Кога Марија наполнила три години, тие ја одвеле во храмот.

    Пред храмот имало 15 скали. Јоаким и Ана ја поставиле Марија на првата скала, а таа сама се искачила до врвот, каде што ја пречекал првосвештеникот Захарија, таткото на свети Јован Крстител. Тој ја вовел не само во храмот, туку и во Светињата над светиите — просторија во која никој не влегувал освен поглаварот на свештенството, и тоа само еднаш годишно.

    По принесувањето жртва и добиениот благослов, Јоаким и Ана се вратиле дома, а Марија останала да служи во храмот цели девет години. По смртта на родителите, таа сакала да продолжи да живее девствено во храмот, но поради тогашните закони, на 12-годишна возраст била доверена на свети Јосиф како свршеница — за да остане во девственост, но и формално да го исполни законот. Марија се смета за првата девојка што дала доживотен завет, а нејзиниот пример подоцна го следеле илјадници вернички.

    Бидејќи празникот се паѓа во рамки на Божиќниот пост, според црковниот устав се дозволува консумирање риба и масло. Празникот традиционално има посебно значење за жените. Во минатото постоело верување дека оние кои долго време не можат да добијат потомство треба да се помолат и да преноќат во црква за Бог да им ја исполни желбата.

    Популарно

    Филмот „Една битка по друга“ брилираше на Оскарите

    16.03.2026 во 21:50

    Политички потрес во Бања Лука: Премиерот на Република Српска, Саво Миниќ, поднесе оставка

    16.03.2026 во 22:00

    Млада Србинка пријави хорор во изнајмен стан во Скопје

    16.03.2026 во 23:40

    Енергетски крах во Куба: Целиот остров остана без струја, прогласена вонредна состојба

    16.03.2026 во 21:39
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.