Close Menu
Press24
    Најново

    Добри вести за пензионерите – Пензиите се зголемуваат

    17.08.2026 во 10:29

    „Зошто замина толку рано“: Пејачот Јоце Панов се прости од починатиот Елвис Мекиќ

    19.08.2026 во 10:49

    Герасимовски: И оваа година бесплатни униформи за сите ученици од прво до деветто одделение

    17.08.2026 во 10:22
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • УХМР со најнови податоци: Скопје, Велес и Демир Капија меѓу најтоплите градови во 14 часот
    • Драма во Тетово: Се обиделе да одземат полициско оружје откако ги фатиле на дело со дрога
    • Филипче: Подготвени сме за избори
    • ОЈО ГОКК донесе одлука: Нема кривично дело во набавката на 19-те модуларни болници
    • СВР Велес го расчисти случајот со уништување опрема во училишниот двор на „Васил Главинов“, сослушани двајца малолетници
    • ЦУК со пресек до 13 часот: Гори на осум локации
    • Шасивари – Ле Риголер: Француската поддршка, клучна за реформите и европската интеграција
    • Општина Кисела Вода обезбедува бесплатни униформи за сите 5500 ученици од основните училишта од овој дел на градот
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Макрон: Мировен план без Украина и Европа е невозможен

    Макрон: Мировен план без Украина и Европа е невозможен

    01.12.2025 во 21:572 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Францускиот претседател Емануел Макрон изјави дека евентуален план за мир меѓу Русија и Украина може да биде постигнат единствено со директно учество на Киев и европските партнери во преговорите. Тој нагласи дека прашањата поврзани со украинските територии може да ги финализира само претседателот Володимир Зеленски.

    „Денес нема завршен план. Во однос на прашањето за териториите, тој може да биде финализиран само од претседателот Зеленски“, истакна Макрон на заедничката прес-конференција со украинскиот претседател во Париз.

    Макрон додаде дека идниот мировен договор ќе мора да ги вклучи европските држави, особено кога станува збор за неколку клучни прашања – употребата на замрзнатите руски средства, безбедносните гаранции за Украина, европските санкции и процесот за членство на земјата во Европската Унија.

    „Сè уште сме во прелиминарна фаза“, додаде францускиот претседател.

    Макрон се осврна и на корупцискиот скандал во Украина, кој резултираше со оставка на високиот претседателски советник Андриј Ермак. Тој порача дека Франција нема намера да ја поучува Украина, но дека очекува отчетност.

    „Додека даваме пари и поддржуваме воени напори, нормално е да бараме. Но, забележувам дека борбата против корупцијата функционира, бидејќи се носат одлуки, а некои од нив се политички. Дали е наша улога да ѝ даваме лекции на Украина? Не баш. И ние сме имале слични скандали“, рече Макрон.

    Тој додаде дека во Русија не постојат вистински антикорупциски механизми, „бидејќи таму има вистинска диктатура“, за разлика од Украина, каде што, според него, институциите барем функционираат.

    Прочитај повеќе

    ВИДЕО: Испливаа снимки од силното невреме проследено со торнадо во Германија

    20.08.2026 во 11:30

    Алармантни податоци од Грција: 157 заразени и 13 починати од западнонилска треска

    20.08.2026 во 10:49
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.