Close Menu
    Најново

    Почнува новиот рок за студентски оброк: Аплицирањето трае само 5 дена, еве кој има право

    01.01.2026 во 16:40

    ОЈО изврши увид: Детали за убиството на турски државјанин во Старата скопска чаршија

    01.01.2026 во 16:21

    Мицкоски за Народниот правобранител: Ќе разговараме со партиите, тоа е услов од ЕК што мора да се реши

    01.01.2026 во 14:39
    Facebook X (Twitter) Instagram
    Актуелно
    • Почнува новиот рок за студентски оброк: Аплицирањето трае само 5 дена, еве кој има право
    • ОЈО изврши увид: Детали за убиството на турски државјанин во Старата скопска чаршија
    • Мицкоски за Народниот правобранител: Ќе разговараме со партиите, тоа е услов од ЕК што мора да се реши
    • Safe City дава резултат: Во декември ниту една жртва во сообраќајот во Скопје
    • Мицкоски потврди: Во април ново линеарно покачување на пензиите
    • Црн биланс на „најлудата ноќ“ во Скопје: Тепачки за паркинг, напад врз девојче, агресивен Германец и пожар во Гази Баба
    • Црна Нова година: Убиство во Скопје – двегодишно дете се бори за живот по прострелна рана
    • Бурна ноќ на Токсикологија: Меѓу 31 пијан пациент, дури 13 се малолетници – најмладото дете има само 14 години
    • Најново
    • Популарно
    • Facebook
    • Twitter
    • Instagram
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24Press24
    Home » Операционализација на плаќањата преку СЕПА за државата и за државните институции

    Операционализација на плаќањата преку СЕПА за државата и за државните институции

    26.11.2025 во 10:08
    Сподели
    Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

    Гувернерот на Народната банка, д-р Трајко Славески, од една страна и претседателот на Управниот одбор на НЛБ д.д. Љубљана, Блаж Бродњак и членот на Управниот одбор на НЛБ д.д. Љубљана, Антонио Аргир, од друга, потпишаа договор за меѓусебна соработка којшто ѝ овозможува на Народната банка да започне со плаќања преку СЕПА.

    Од 9 декември 2025 година, државата и државните институции ќе можат да плаќаат и да примаат средства во евра, согласно стандардите на СЕПА, побрзо, побезбедно и со пониски и фиксни надоместоци. Наместо досегашните просечни трошоци од 14 евра за плаќање преку кореспондентните банки, плаќањата преку СЕПА ќе чинат 3 евра за електронските налози и 5 евра за хартиените налози, а сите приливи преку СЕПА ќе се наплатуваат 3 евра. Имајќи предвид дека 80% од вкупните одливни плаќања и 90% од вкупните приливи на државата се во евра, пониските надоместоци директно ќе овозможат поголеми заштеди за државата и за државните органи.

    „Со овој значаен чекор Народната банка, покрај регулаторната и надзорната улога во платежната сфера, ја потврдува и својата оперативна улога во обезбедувањето подобри и поквалитетни услуги за државата и за државните органи во извршувањето на прекуграничните плаќања“, истакна гувернерот Славески.

    „Ни претставува чест што сме избрани за банка одговорна за обработка на плаќањата преку СЕПА за Народната банка на Република Северна Македонија и упатуваме искрена благодарност за укажаната доверба. Ова достигнување претставува значаен чекор кон подлабока интеграција со платниот систем на Европската Унија и ја поддржува пошироката цел за интеграција во ЕУ. Оваа пресвртница се надоврзува на нашето неодамнешно воведување на услугата „Епл пеј“ (Apple Pay) за сите наши клиенти во ЈИЕ и успешното влегување на „НЛБ банка“ Скопјe во шемата на кредитниот трансфер преку СЕПА, дополнително зајакнувајќи ја посветеноста на Групацијата НЛБ за поттикнување на финансискиот развој и иновациите во Северна Македонија“, изјави Блаж Бродњак, претседател на Управниот одбор на НЛБ д.д. Љубљана.  

    По пристапувањето на  нашата земја кон СЕПА, со што за граѓаните и за компаниите веќе се овозможени побрзи, побезбедни и поевтини плаќања во евра, Народната банка како банкар на државата им овозможува и на државните институции да ги користат придобивките од СЕПА. На овој начин, ќе се овозможат значителни заштеди за државата и за државните институции при извршувањето на прекуграничните плаќања во евра со четириесетте земји членки на СЕПА.

    Популарно

    Важно соопштение за пензионерите: Познато кога ќе им бидат пуштени пензиите

    30.12.2025 во 10:50

    ЈСП од утре ќе работи редуцирано: Ова е точниот распоред

    31.12.2025 во 09:28

    Црна Нова година: Убиство во Скопје – двегодишно дете се бори за живот по прострелна рана

    01.01.2026 во 13:08

    ОЈО изврши увид: Детали за убиството на турски државјанин во Старата скопска чаршија

    01.01.2026 во 16:21
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.