Советот на Град Скопје изгласа одлука за ноќна забрана за фрлање ѓубре.
Граѓаните нема да смеат да фрлаат смет во контејнерите од 22 до 6 часот. За непочитување ќе следи казна од 50 евра.
Со ваквата забрана велат дека контејнерите ќе се празнат поефикасно и немало да се создаваат депонии околу нив.
„Ваквата практика јас сум ја сретнал во Истанбул и беше ограничена на 15 минути пред 5 часот кога смеете да фрлите ѓубре. Во Токио точно за секој камион за различен вид отпад исто беше точно предвидено времето кога се изнесува ѓубрето, кога се собира. Се надевам дека оваа практика ќе биде уште подобра кога ќе бидат воведени и различни корпи за селекција“, вели Даме Димитровски, претседател на Советот на Град Скопје
За советничката група на Левица, предлогот е скандалозен.

