Close Menu
Press24
    Најново

    Несреќа на охридскиот аеродром: Работник паднал од кров и се здобил со тешки повреди

    09.06.2026 во 22:37

    Силјановска Давкова на прием во Британската амбасада: Обединетото Кралство е наш стратешки партнер

    09.06.2026 во 22:17

    Огромен скандал во Црна Гора: Уапсен маж кој го отстранил државното знаме и се заканувал со смрт

    09.06.2026 во 22:09
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Несреќа на охридскиот аеродром: Работник паднал од кров и се здобил со тешки повреди
    • Силјановска Давкова на прием во Британската амбасада: Обединетото Кралство е наш стратешки партнер
    • Огромен скандал во Црна Гора: Уапсен маж кој го отстранил државното знаме и се заканувал со смрт
    • Голема полициска акција во БиХ: Уапсени 13 лица, запленет цел арсенал оружје и експлозиви
    • Ноќно апсење на Велешко Езеро: Фатен маж со марихуана
    • Бугарија ги блокира камионите со млеко на граница: Се воведуваат итни лабораториски тестови за увозот од ЕУ
    • Зеленски од Талин: Го добив посакуваниот резултат од писмото што му го испратив на Путин
    • Блокирана првата комеморативна монета од 2 евра на Бугарија: Неименувана членка на ЕУ поднесе приговор
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Утре е голем празник – Ден посветен на Козма и Дамјан, заштитниците на лекарите

    Утре е голем празник – Ден посветен на Козма и Дамјан, заштитниците на лекарите

    13.11.2025 во 17:042 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Утре православните верници ја слават славата посветена на браќата Козма и Дамјан, светци кои народот ги смета за заштитници на медицинската професија, поради што се нарекуваат Свети лекари.

    Многу здравствени установи ги слават овие светци и лекари како заштитници на својата професија, иако Светите лекари не се запишуваат во календарот со црвена боја и постот не е задолжителен.

    Според легендата, светците помогнале и лекувале без да побараат ништо за возврат „заради придобивка и збогатување, но заради Бога“.

    Тие не ги разликувале нивните пациенти според националноста и религијата.

     Единствено што барале за возврат од своите пациенти било да не го кажуваат залудно името Христос, дури и ако не сакаат да го прифатат христијанството.

    Според народното верување, денес е добар ден за молитва за исцелување. 

    Исто така, постои верба дека е добро да се работи напорна физичка работа денес и дека не треба да ја напуштате куќата непотребно. 

    Бидејќи Козма и Дамјан ги лекувале болните цел живот, постои верба дека треба да се каже молитва за заздравување на овој ден.

    Оваа молитва треба да се прочита 40 дена по ред и ќе бидете здрави колку што верувате дека може да ви помогне.

    Молитвата гласи:

    Кон вас, свети бесребреници и чудотворци Козма и Дамјане, како кон брзи помошници и топли молитвеници за нашето спасение, ние недостојните (имињата), клекнувајќи на колена, прибегнуваме и припаѓајќи усрдно повикуваме: Не презирајте ги молењата од нас грешните, немоќните, кои паднавме во многу беззаконија, и кои во секој час и ден грешиме. 

    Умолете Го Господа, да ни даде, нам недостојните Негови чеда, од Својата богата милост: избавете нѐ од секоја мака и болест, бидејќи вие примивте од Бога и Спасителот наш Исус Христос непотрошлива благодат за исцелување, поради цврстата вера, бесплатното лечење и вашата маченичка смрт. 

    Да, угодници Божји, не престанувајте да се молите за нас, кои со вера кон вас итаат: иако според мноштвото на нашите гревови и не сме достојни за вашето милосрдие, сепак, вие, верни и вистински подражатели на Божјото човекољубие, направете, да принесеме плодови достојни за покајание, и во вечниот покој да достигнеме, фалејќи и благословувајќи Прекрасниот во Своите светии Господа и Бога и Спасителот наш Исус Христос и Неговата Пречиста Мајка, и вашето топло застапништво, сега и секога, и во вечни векови. Амин.

    Именден празнуваат: Кузман, Кузе, Дамјан, Даме…

    Прочитај повеќе

    Шок на Балканот: Еди Рама објави бизарна снимка од себе во градник и здолниште

    09.06.2026 во 10:54

    ФОТО: Перо Антиќ го одведе синот на Панчо на полуматура – „Среќно лепотану”

    09.06.2026 во 09:39
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.