Close Menu
Press24
    Најново

    Полициска акција ширум земјата: Приведени 17 возачи поради тешки сообраќајни прекршоци

    16.05.2026 во 15:58

    Мицкоски и Ѓорѓиевски на традиционалната средба со ветераните на ВМРО-ДПМНЕ во „Пеленица“

    16.05.2026 во 15:13

    ВЛЕН: Зад студентските транспаренти се крие раката на ДУИ која ги манипулира младите за лични интереси

    16.05.2026 во 15:03
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Полициска акција ширум земјата: Приведени 17 возачи поради тешки сообраќајни прекршоци
    • Мицкоски и Ѓорѓиевски на традиционалната средба со ветераните на ВМРО-ДПМНЕ во „Пеленица“
    • ВЛЕН: Зад студентските транспаренти се крие раката на ДУИ која ги манипулира младите за лични интереси
    • ВМРО-ДПМНЕ: Фирмата „Мастеф“ во периодот 2018-2021 била најомилена на градоначалниците на СДСМ
    • Дождот ја одложи дневната програма на „Виноскоп“ за утре
    • Утре посебен сообраќаен режим во Центар и на Водно
    • Фрчкоски: Нова омилена фирма на ВМРО-ДПМНЕ добила 93 тендери вредни над 18,3 милиони евра
    • Кремљ потврди: Владимир Путин на 19 и 20 мај во официјална посета на Кина
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Голем интерес за вакцинација: 70.000 граѓани пријавени за сезонски грип, вакцинирани над 22.000

    Голем интерес за вакцинација: 70.000 граѓани пријавени за сезонски грип, вакцинирани над 22.000

    28.10.2025 во 11:561 Min Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Седумдесет илјади граѓани се пријавиле досега за вакцинација против сезонскиот грип, а веќе се вакцинирани повеќе од 22 илјади лица низ државата, соопшти денеска Министерството за здравство, нагласувајќи дека интересот за вакцинација против сезонски грип континуирано расте.

    Вакцинацијата, како што се наведува во соопштението, се спроведува на 35 вакцинални пункта, од кои пет се во Скопје.

    Сите заинтересирани граѓани, додаваат од МЗ, можат да се пријават преку апликацијата vakcinacija.mk или преку својот матичен лекар.

    Со бесплатната вакцинација се опфатени ризичните категории население, меѓу кои: лица над 65 години, лица со хронични заболувања, здравствени работници, бремени жени, деца од шест месеци до пет години, лица сместени во установи за социјална заштита на стари лица и вработените во овие установи, информира МЗ.

    Во организација на Министерството, превентивни тимови од здравствени установи низ државата продолжуваат со теренска вакцинација и во домашни услови за повозрасни и неподвижни лица, како и за лица со попреченост.

    Прочитај повеќе

    Полициска акција ширум земјата: Приведени 17 возачи поради тешки сообраќајни прекршоци

    16.05.2026 во 15:58

    Мицкоски и Ѓорѓиевски на традиционалната средба со ветераните на ВМРО-ДПМНЕ во „Пеленица“

    16.05.2026 во 15:13
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.