Close Menu
    Најново

    Хрватска: Татко го полил и го запалил синот со бензин

    25.10.2025 во 15:55

    Ѓурѓај му ја врачи наградата “Илинден” на претседателот на ФУЕН, Винце

    25.10.2025 во 15:33

    Околу 64 проценти од Италијанците користат вештачка интелигенција при готвење

    25.10.2025 во 15:28
    Facebook X (Twitter) Instagram
    Актуелно
    • Хрватска: Татко го полил и го запалил синот со бензин
    • Ѓурѓај му ја врачи наградата “Илинден” на претседателот на ФУЕН, Винце
    • Околу 64 проценти од Италијанците користат вештачка интелигенција при готвење
    • Во Прилеп се зголемува семејното насилство, треба меѓуинституционална помош
    • 19-годишник ќе одговара кривично: Силувал девојче три месеци
    • Хорор: Копал со багер, нашол човечки коски кај домот Стив Наумов
    • Ивановска: Секој граѓанин е здраворазумен – нема да повикувам да гласааат за еден или друг кандидат
    • Цветковски: Продолжуваме по патот што води до развој на општина Лозово, продолжуваме со многу проекти
    • Најново
    • Популарно
    • Facebook
    • Twitter
    • Instagram
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24Press24
    Home » ИЈЗ со препораки и итни мерки за справување со отпадот во Скопје

    ИЈЗ со препораки и итни мерки за справување со отпадот во Скопје

    24.10.2025 во 16:48
    Сподели
    Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

    Епидемиолошката состојба во Скопје е стабилна, но се препорачува одржување на лична хигиена при ракување со отпад како што е користење на ракавици, маска, миење раце, дезинфициенс, совесно одлагање на отпадот во контејнери и избегнување на нелегални депонии како и затворање на капаците на кантите и избегнување физички контакт со отпадот и исцедокот.

    Ова е препораката на Институтот за јавно здравје кој е дел од интеринституционалната работна група за справување со актуелната состојба со отпадот во Скопје. Во групата се вклучени Институтот за јавно здравје, МВР Скопје, Државниот комунален инспекторат, Државниот инспекторат за животна средина и ДСЗУ.

    Директорката на ИЈЗ Марија Андоновска информираше дека Институтот изготвил стручно мислење кое денеска е предадено до надлежните институции. Покрај тоа, се препорачани и конкретни мерки и активности насочени кон државните институции, граѓаните и работниците кои имаат директен контакт со отпадот.

    Eпидемиологот Драган Кучински информираше дека се изготвени конкретни предлог-мерки за справување со здравствените ризици поврзани со отпадот. Мерките се поделени во две категории, за општото население и за надлежните институции.

    -Најважни се мерките за лична и колективна хигиена – често миење и дезинфекција на рацете, користење ракавици при одлагање отпад, како и строго почитување на местата предвидени за одлагање, како што се контејнерите, порача Кучински.

    Тој апелираше граѓаните да не создаваат диви депонии, кои дополнително ја загадуваат животната средина, и да внимаваат на правилно управување со домашниот отпад.

    Во однос на институциите, Кучински нагласи дека е неопходна заштита на работниците кои го собираат отпадот преку користење лична заштитна опрема и редовна вакцинација. Меѓу предложените мерки се и итно собирање на насобраниот отпад, дезинфекција, дезинсекција и дератизација според епидемиолошки индикации.

    -Редовното собирање на отпадот, особено во погусто населените места, треба да се врши најмалку еднаш дневно, а во останатите области според планот на комуналните претпријатија, додаде тој.

    Кучински истакна и потребата од едукација на населението за селекција на отпадот, како и можноста за наградување на граѓаните кои активно придонесуваат во процесот. Вклучувањето на локалните заедници во решавањето на проблемот со отпадот е, според него, од суштинско значење.

    Нагласувајќи ја потребата од системски пристап во справувањето со отпадот проф. д-р Мирјана Димовска рече дека целта на мерките, препораките и активности е заштита на јавното здравје, со фокус на целокупното население, а особено на ранливите групи како што се децата, болните и бремените жени.

    Таа апелираше до надлежните институции да постапуваат согласно законските обврски и да спречат поставување контејнери во близина на здравствени установи, училишта и други објекти каде што се бараат високи хигиенски стандарди.

    -Искуството од епидемијата на жолтица во Штип покажа дека поставувањето на контејнери пред училишта е ризик. Затоа, апелирам до директорите на училиштата да постават визуелни упатства за правилно миење на рацете, адаптирани за возраста на учениците, истакна Димовска.

    Таа предложи поставување дезинфекциони бариери пред домовите, со цел да се спречи внесување на нечистотија преку обувките. -Мерките се колективни, но и индивидуални – секој од нас има одговорност, додаде таа.

    Како клучна мерка, Димовска ја истакна потребата од воведување на примарна селекција на отпадот во домаќинствата, прво волонтерски, а потоа и законски облигаторно.

    -Органскиот и неорганскиот отпад не смеат да се мешаат, бидејќи тоа создава исцедок кој е потенцијален извор на зарази, предупреди таа.

    Професорката заклучи дека е неопходно интегрирано управување со отпадот, со јасно дефинирани обврски за комуналните претпријатија, кои треба да ја спроведуваат секундарната селекција и да воспостават систем кој ќе го намали ризикот по здравјето на граѓаните.

    Како итни мерки Институтот ги нагласува брзото отстранување на расфрланиот отпад со сите расположливи ресурси, приоритетно чистење околу болници, училишта, паркови и игралишта, вонредна дезинфекција, дератизација и дезинсекција на критичните локации, редовно празнење на контејнерите, минимум еднаш дневно во густо населени делови, заштита на работниците со лична заштитна опрема и задолжителна вакцинација и засилен епидемиолошки надзор за заразни заболувања и јавна едукација за ризиците.

    Во однос на долгорочните мерки ИЈЗ препорачува воспоставување интегриран систем за управување со отпад, редовно чистење, селекција и рециклирање, како и воведување казнени мерки за несовесно одлагање.

     ИЈЗ појаснуваат дека во препораките се вклучени и посебните групи вклучително и работниците коишто се професионално изложен и на овој ризик.

    -Оттаму излезе таа препорака дека тие мора редовно да се вакцинираат, да исполнуваат законската обврска за редовна вакцинација од болести коишто меѓу другото се од интерес и овој случај, а особено хепатит А и хепатит Б и други заболувања коишто би можеле да ги добијат на овој начин, истакниваат од ИЈЗ.

    Апелираат носење на маски затоа што, како штпо нагласуваат, овој проблем е мултидисциплиниран не е само проблемот со заразните бактериолошки вируси и паразити туку има емисии на хемикалии, емисии на мириси и други гасови коишто не мирисаат, а се многу токсични.

    Популарно

    Падна кралот на фентанилот, уапсен еден од најбараните бегалци во светот

    25.10.2025 во 14:06

    Лабудовиќ: Дали Герасимовски ставил потпис на 80 дозволи за градба во Центар?

    24.10.2025 во 22:19

    Вреден градоначалник: Облече ракавици и чистеше ѓубре

    25.10.2025 во 14:01

    19-годишник ќе одговара кривично: Силувал девојче три месеци

    25.10.2025 во 14:48
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.