Close Menu
Press24
    Најново

    „Зошто замина толку рано“: Пејачот Јоце Панов се прости од починатиот Елвис Мекиќ

    19.08.2026 во 10:49

    Наскоро споен викенд – Временска прогноза за трите дена одмор

    20.08.2026 во 10:05

    Цената на нафтата продолжува да расте

    19.08.2026 во 10:44
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Клековски: ПЕТ-скенот повторно е во функција
    • ЦУК: Регистрирани 10 пожари на отворено, активни се во шест општини
    • Филипче: По следните избори доаѓа правда
    • Филипче: Не барам извинување за мене, Мицкоски нека им се извини на семејствата на загинатите со чија болка си игра пет години
    • „Ме нарекуваа убиец, а обвинителството ја кажа вистината“: Филипче бара извинување од Мицкоски за модуларните болници
    • Прекината епидемијата во Гостивар: Нема нови случаи на стомачни тегоби од водата
    • Гостивар: 33-годишник скршил стакло од врата во својот дом па завршил во болница
    • Поевтини ранци, тетратки и прибор: Во вторник ќе се дефинира училишната кошничка
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Турски државјани изнајмиле стан во Скопје и за пари им овозможиле илегален престој на странци

    Турски државјани изнајмиле стан во Скопје и за пари им овозможиле илегален престој на странци

    22.10.2025 во 15:061 Min Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    За кривично дело – Помагање на странец при незаконит престој предвидено во член 212 став 1 и 3 од Законот за странци осомничени се двајца турски државјани, на возраст од 30 и 26 години.

    Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка, бидејќи осомничените во текот на годинава, заеднички, со намера да прибават противправна имотна корист, помогнале на странци да престојуваат во земјава спротивно на одредбите од Законот за странци.

    Тие изнајмиле стан на улицата „Христијан Тодоровски Карпош“ во Скопје, каде за одреден паричен надомест им обезбедиле сместување и не го пријавиле престојот на двајца турски и двајца узбекистански државјани, со што им помогнале да престојуваат во земјава подолго од законски дозволениот престој од 90 дена во текот на 180 дена.

    Бидејќи постојат околности што укажуваат постоење на опасност од бегство, опасност од влијание врз сведоци и сокривање и уништување на траги и особени околности кои го оправдуваат стравот дека ќе го повторат кривичното дело, јавниот обвинител до судијата на претходна постапка достави предлог за определување мерка притвор за двајцата осомничени.

    Прочитај повеќе

    Гостивар: 33-годишник скршил стакло од врата во својот дом па завршил во болница

    21.08.2026 во 13:16

    Ново врсничко насилство во скопско: Малолетник нападнат од тројца врсници

    21.08.2026 во 10:24
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.