Close Menu
Press24
    Најново

    Добри вести за пензионерите – Пензиите се зголемуваат

    17.08.2026 во 10:29

    Ведрана Рудан пред смртта: На синот не му оставам ништо и не го сакам на мојот погреб

    18.08.2026 во 11:31

    Најчести резервоари на западнонилска треска се гавраните – Клековски со апел до граѓаните

    17.08.2026 во 13:45
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • НП „Шар Планина“ со апел до возачите на моторни возила да ја намалат брзината при движење низ планинското подрачје
    • Мадона го прослави 68. роденден на Крф
    • На полноќ посакајте си желба и погледнете кон небото: Божјите врати се отвораат за да ви ја исполнат
    • Жена им се заканувала на својот сопруг и нивните деца
    • Приведен тинејџер, возел четирицикл без возачка дозвола
    • Сиљановска-Давкова: Не смееме да заборавиме дека секој што напишал барем неколку реченици во недовршената македонска армиска приказна, оставил трага во нашата воена историја
    • Клековски: Утре детални резултати од контролата на прскањето против комарци
    • ВМРО-ДПМНЕ: СДС, кои не однесоа ниту едно шише вода во Гостивар, заедно со Лимани се дел од локалната власт и имаат заедничка одговорност
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Поднесено обвинение за поранешната директорка на Државниот ученички дом „Мирка Гинова“ – ангажирала повеќе лица од дозволеното

    Поднесено обвинение за поранешната директорка на Државниот ученички дом „Мирка Гинова“ – ангажирала повеќе лица од дозволеното

    21.10.2025 во 12:12Updated:21.10.2025 во 12:142 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Основното јавно обвинителство Битола, по спроведена претходна постапка, до надлежниот суд поднесе Обвинителен предлог против службено лице – поранешна директорка на Државниот ученички дом „Мирка Гинова“, која е обвинета за продолжени кривични дела Злоупотреба на службената положба и овластување и Фалсификување исправа, како и две кривични дела предвидени во Законот за трансформација во редовен работен однос.

    Со продолжените злоупотреби на службената положба во текот на 2022 и 2023 година, обвинетата, на еден работник му овозможила неоснована исплата на надоместок за неискористен дел од годишен одмор, а по неговото пензионирање му исплаќала дневници и трошоци за наводни службени патувања и му овозможила да продолжи да го користи службениот телефонски број, со што на ученичкиот дом му предизвикала вкупна штета од околу 140 илјади денари.

    Дополнително, со пречекорување на своите службени овластувања, таа и самата си исплатила неоправдани трошоци од 8.176 денари кои ги направила при службени патувања во Србија и Унгарија.

    Понатаму, спротивно на Законот за јавни набавки, не спровела постапка за јавна набавка и директно склучила договор за сметководствени услуги со правно лице, прибавувајќи му незаконски вкупна корист од 180 илјади денари.

    Во текот на 2021, 2022 и 2023 година обвинетата, како директор на установа која има помалку од 300 вработени, имала право да ангажира најмногу по три лица врз основа на договор на дело без согласност од Министерството за финансии. Сепак, таа секоја година го надминувала овој број, па врз основа на писмени, па и усни договори на различни лица исплатила незаконски вкупно околу 390 илјади денари од буџетот на установата.

    Во периодот од 2021-2024 година, ангажирала повеќе лица и со договор на дело за период подолг од 24 месеци без согласност од Министерството за финансии и на тој начин им исплатила 712 илјади денари.

    Кривичните дела – Фалсификување исправа обвинетата ги вршела за да го оправда своето отсуство од установата, составувајќи лажни патни налози согласно кои со службеното возило патувала во околината на Битола, Крушево, Прилеп или Скопје, иако во тоа време е утврдено дека таа со службениот автомобил ја напуштала државата преку граничните премини Меџитлија, Ќафасан и Ново Село на еднодневни или повеќедневни патувања. Во периодот од 11.05 2022 до 06.12.2022 ова е констатирано во девет случаи. Во 2024 година обвинетата ја преправила во целост третата страница од Записникот на Управниот одбор на Државниот ученички дом, заменувајќи ја во целост содржината во делот на констатациите за службените патувања.

    Прочитај повеќе

    Жена им се заканувала на својот сопруг и нивните деца

    18.08.2026 во 22:40

    Приведен тинејџер, возел четирицикл без возачка дозвола

    18.08.2026 во 22:12
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.