Close Menu
    Најново

    Вечерва немажените треба да направат една работа

    21.10.2025 во 23:41

    Експерти на ОН: Нападите на САД врз венецуелски цели се кршење на човековите права

    21.10.2025 во 23:17

    Што ви носи младата Месечина на 21 октомври?

    21.10.2025 во 23:00
    Facebook X (Twitter) Instagram
    Актуелно
    • Вечерва немажените треба да направат една работа
    • Експерти на ОН: Нападите на САД врз венецуелски цели се кршење на човековите права
    • Што ви носи младата Месечина на 21 октомври?
    • Тројца скопјани се тепале во Кисела Вода
    • Ѓорѓиевски и Митески разговараа за идеите, потребите и визијата за достоинствен Аеродром
    • Костовски: „Востанието“ на ДУИ го задушивме, ги победивме сите на куп
    • Венс: Доколку Хамас не се разоружа, ќе го уништиме
    • Предупредување од поранешен шпион на Путин: Владимир, не оди за Будимпешта, ќе те ликвидираат
    • Најново
    • Популарно
    • Facebook
    • Twitter
    • Instagram
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24Press24
    Home » Рафаел Барт од CIOS за Press24: Во интерес на Македонија е да се постигне решение – долгот е загарантиран

    Рафаел Барт од CIOS за Press24: Во интерес на Македонија е да се постигне решение – долгот е загарантиран

    21.10.2025 во 11:00
    Сподели
    Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

    Долгот на Македонски железници кон хрватската CIOS ГРУПА, кој останува нерешен повеќе од две децении, повторно се наметнува како сериозно прашање меѓу двете страни. Во интервју за Press24, претседателот на Управниот одбор на CIOS, Рафаел Клеменс Барт, вели дека компанијата и понатаму е отворена за дијалог и пријателско порамнување, но отсуството на волја од македонските институции го довело случајот до суд.

    „Секоја година се додаваат по 2 милиони евра камати – затоа што нема порамнување“

    „Како актуелен претседател на Управниот одбор на CIOS ГРУПА, ја сметам оваа ситуација за многу сериозен проблем,“ изјави Барт за Press24.
    „Побарувањата од Македонски железници произлегуваат од транспортни приходи од железнички услуги во периодот меѓу 1991 и 1995 година. Основниот долг, во износ од приближно 3,85 милиони евра, до крајот на 2023 година нарасна на повеќе од 25 милиони евра со камати. Секоја година се додаваат околу 2 милиони евра нови камати, едноставно затоа што не постои никакво порамнување.“

    Барт потсетува дека CIOS повеќе од една деценија се обидува да воспостави институционален дијалог со властите во Македонија: „Веќе 15 години, моите претходници во CIOS ГРУПА бараат дијалог и преговори за порамнување, но институциите не покажаа ниту интерес, ниту иницијатива да се најде решение и да се сопре ова непотребно зголемување. Сепак, ние остануваме посветени на пронаоѓање фер, остварливо и задоволително решение за двете страни – преку вонсудско порамнување.“

    Тој додава дека износот од 25 милиони евра се однесува на 2023 година, кога хрватската членка на CIOS ГРУПА – CE-ZA-R – поднела тужба: „Преговори се бараа од 2011 година сè до септември 2023 година, кога случајот конечно беше пренесен на суд, бидејќи не беше можно да се постигне надворешно порамнување — нашата спротивна страна, Владите во Македонија, не покажа никаква волја за тоа.“

    „Подготвени сме за пријателско порамнување“

    И покрај тоа што тужбата е активна, CIOS и натаму е отворен за разговор. „Да, секако, ние и понатаму сме отворени за пријателско порамнување,“ вели Барт за Press24.
    „Како што дознаваме од медиумите, во изминатите години биле постигнати договори со други меѓународни железнички компании за подмирување на долговите на Македонски железници, со структуриран распоред за отплата и државни гаранции. Подготвени сме да преговараме во рамките на разумни услови, под претпоставка дека ќе бидат почитувани нашите правни и финансиски права.“

    Тој дополнува дека CIOS ги стекнал сите побарувања легално: „Многу е важно да се нагласи дека ние правно ги купивме сите преостанати долгови, гарантирани од HŽ Cargo, а со тоа и од Хрватската држава, уште во 2010 година.“

    „Главното рочиште е закажано за октомври 2025“

    Во моментов, процесот се води пред суд, но компанијата не се откажува од можноста за договор. „Наш приоритет секогаш е дијалогот и постигнување договорено решение. Судскиот процес е веќе во тек од неговото поднесување во 2023 година, при што се одржаа неколку рочишта за презентирање докази и експертски извештаи. Главното рочиште е закажано за крајот на октомври 2025 година,“ објаснува Барт.

    Сепак, додава тој, најдобро решение е секогаш она постигнато преку договор, а не судска битка. „Додека правниот процес продолжува, ние остануваме отворени за постигнување заемно прифатливо решение во духот на добра соработка со Република Македонија. Цврсто веруваме дека договорното решение би било во интерес на двете страни, повеќе отколку продолжена правна битка. Тоа, исто така, треба да биде и во интерес на Република Македонија, како краен должник.“

    Популарно

    Куманово одлучува во втор круг: Димитриевски во трка со Стојковски

    20.10.2025 во 11:25

    Вајц: Со вметнување на Бугарите во Уставот ќе се отвори патот кон започнување на преговорите на Македонија со ЕУ

    21.10.2025 во 21:30

    Предупредување од поранешен шпион на Путин: Владимир, не оди за Будимпешта, ќе те ликвидираат

    21.10.2025 во 21:40

    Единствена жена-победник во прв круг: Кисела Вода доби градоначалничка

    20.10.2025 во 11:15
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.