Close Menu
Press24
    Најново

    Силен звук го прекина мечот Вардар – НАНТ во Јане Сандански

    16.09.2026 во 19:48

    Интервентна полиција влезе во Арачиново – Фатен криминалец кој бил во бегство

    16.09.2026 во 10:09

    Ќе може да си купите стаж – добри вести за сите на кои им фали стаж за пензија

    15.09.2026 во 09:04
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Административните услуги поблиску до граѓаните: Нов центар во Гази Баба
    • Нема вода од 8 часот – Водовод најави исклучувања во скопска општина
    • Позитивни вести од ЦУК: Нема активни пожари
    • 30 години „Скорпии“: Свеченост во касарната „Јане Сандански“
    • Телесни камери за цариниците: Нов систем за поголема транспарентност на границите
    • „Молкот на управата“ и натаму проблем: 438 жалби за недостапни информации во 2025
    • Санација на свлечиштата кај Ботун, Николоски и Трајановски ќе извршат увид
    • Студена маса носи пад на температурите: УХМР најавува дождови и целосен пресврт на времето
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Хорор во Челопек: Син ги избркал родителите од дома, па отишол и го избодел вујкото, жена со две деца бегала преку прозорец

    Хорор во Челопек: Син ги избркал родителите од дома, па отишол и го избодел вујкото, жена со две деца бегала преку прозорец

    20.10.2025 во 14:542 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Основното јавно обвинителство Тетово поведе постапка против едно лице за кривични дела – Загрозување на сигурноста од член 144 став 3 во врска со став 1 и Насилство од член 386 став 3 во врска со став 1 од Кривичниот законик.

    Осомничениот 29-годишник од Челопек, на 16 октомври, ја загрозил сигурноста на сопствените мајка и татко кои насилно ги избркал од дома, заканувајќи им се по живот затоа што одбиле да му дадат пари. Родителите се засолниле во домот на вујкото, но за кратко време осомничениот дошол и со нож на расклопување во раката се обидел насилно да влезе во куќата, во која имало и други членови на семејството, меѓу кои и две деца. Викал и агресивно се однесувал во дворот, се заканувал на сите присутни и пробал со сила да ја отвори вратата, поради што една од оштетените жени со децата на возраст од 6 и 1 година преку прозорец ја напуштиле куќата. Осомничениот успеал да ја скрши вратата и да влезе, а кога сопственикот на куќата се обидел да го смири, тој го прободел со ножот и му нанел телесна повреда, по што се дал во бегство.

    Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот суд во Тетово достави предлог за определување мерка притвор за осомничениот, бидејќи постојат околности кои укажуваат на опасност од бегство и можност да го повтори насилничкото однесување.

    Прочитај повеќе

    Младо момче падна в рацете на полицијата – го фатиле со дрога

    16.09.2026 во 17:03

    Серија кражби и разбојништва во Штип: Уапсен 22-годишник кој тероризирал граѓани во изминатите два месеци

    16.09.2026 во 14:10
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.