Close Menu
Press24
    Најново

    Црн полициски билтен: Три жени во Скопје жртви на партнерско насилство, во Штип син тешко го претепал татко си

    05.04.2026 во 13:11

    Мицкоски: Состојбата со горивата е стабилна, нема потреба од рестрикции и покрај притисокот од соседството

    05.04.2026 во 13:07

    Владата донесе вонредни мерки: Пониски акцизи и замрзнато ДДВ за да се спречи ценовен шок кај горивата

    05.04.2026 во 12:30
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Црн полициски билтен: Три жени во Скопје жртви на партнерско насилство, во Штип син тешко го претепал татко си
    • Мицкоски: Состојбата со горивата е стабилна, нема потреба од рестрикции и покрај притисокот од соседството
    • Владата донесе вонредни мерки: Пониски акцизи и замрзнато ДДВ за да се спречи ценовен шок кај горивата
    • Временска прогноза за следната седмица: Топло до среда, викендот носи дожд и силен ветер
    • Утре протест во Скопје со барање за полагање на правосудниот испит на албански јазик
    • Пијана ноќ во Тиквешијата: Едниот возел без дозвола со 1.88 промили, друг се пресметувал со полицијата
    • Николоски: Преговорите за решавање на проблемот на транспортерите за влез и излез од ЕУ се одвиваат добро
    • Скопје добива градска железница: Завршени 65 отсто од првата траса од Зелениково до Транспортен центар
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Ужас во Гоце Делчев: Снимени и сликани девојчиња додека се туширале во студентски дом

    Ужас во Гоце Делчев: Снимени и сликани девојчиња додека се туширале во студентски дом

    19.10.2025 во 15:262 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    „Со најголема вознемиреност и гнев реагираме на информацијата  за снимање и сликање на студентки во бањите  на студентскиот дом „Гоце Делчев“. Ова не е „несреќен случај“ или „непромисленост“, туку акт на сексуално насилство и повреда на основните човекови права,реагираат од Универзитетското студентско собрание при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ – Скопје (УСС-УКИМ).

    „Она што најмногу вознемирува не е само делото само по себе, туку фактот што ваквите ситуации повторно покажуваат колку е небезбеден  просторот што треба да биде дом за младите, идната интелектуална и академска сила на нашата држава. Зад ваквото однесување стои  систем  што не ја препознава безбедноста на жените како приоритет, како и култура што често молчи пред понижувањето и траумата што тие ја преживуваат.

    Бараме итна и темелна истрага, одговорност од сите инволвирани институции и јасен план за заштита на студентките. Без одложување треба да се воспостават безбедносни протоколи, психолошка поддршка и механизми за пријава на вакви случаи, и задолжителни обуки за родова чувствителност за управите на домовите.

    Нашите студентски домови мора да бидат катчиња на сигурност, не на страв.

    Секој кој мисли дека има право да ја наруши приватноста и да го сексуализира телото на една идивидуа треба да знае — ќе одговара;

    Овој случај ја разоткрива итната потреба од промена на културата што дозволува насилството врз жените да биде премолчено. Академската заедница има морална и институционална обврска да се постави против секоја форма на деградација и злоупотреба на женското тело. 

    езбедноста на студентките не е административна категорија.
    Ниту една жена не треба да се срами што некој ѝ ја повредил интимноста. 

    Срамот треба да смени страна“, се вели во реакцијата на УСС УКИМ испратена до медиумите.

    Популарно

    Црн полициски билтен: Три жени во Скопје жртви на партнерско насилство, во Штип син тешко го претепал татко си

    05.04.2026 во 13:11

    Мицкоски: Состојбата со горивата е стабилна, нема потреба од рестрикции и покрај притисокот од соседството

    05.04.2026 во 13:07

    Владата донесе вонредни мерки: Пониски акцизи и замрзнато ДДВ за да се спречи ценовен шок кај горивата

    05.04.2026 во 12:30

    Временска прогноза за следната седмица: Топло до среда, викендот носи дожд и силен ветер

    05.04.2026 во 12:14
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.