Close Menu
Press24
    Најново

    Хорор во Гостивар: Тинејџерка тешко повредена по напад од кучиња скитници

    05.05.2026 во 12:44

    Македонија бележи историски најниско ниво на невработеност, вели премиерот

    05.05.2026 во 12:40

    Поповиќ: СДСМ бара оставка од Тошковски: Насилството е нормализирано, а системот е во колапс

    05.05.2026 во 12:24
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Хорор во Гостивар: Тинејџерка тешко повредена по напад од кучиња скитници
    • Македонија бележи историски најниско ниво на невработеност, вели премиерот
    • Поповиќ: СДСМ бара оставка од Тошковски: Насилството е нормализирано, а системот е во колапс
    • Манасиевски: СДС и Филипче се претставуваат како проевропски, а одржуваат проруски врски
    • УХМР повторно најавува промена: Утре сончево, четврток и петок пресврт
    • Бочварски со критики за инфраструктурата: Владата се кити со туѓи перја, а нови проекти нема
    • Мицкоски за притворениот член на обезбедувањето: Законот важи подеднакво за сите, не толерирам недисциплина
    • Кривична пријава и притвор за 23-годишен тетовец: Марихуаната пронајдена кај Калето во Селце му припаѓала нему
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Нова мафијашка ликвидација во Белград: Го барал Интерпол – го нашол платен убиец

    Нова мафијашка ликвидација во Белград: Го барал Интерпол – го нашол платен убиец

    17.10.2025 во 11:072 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    33-годишен маж е ликвидиран доцна синоќа во познатата населба Белград на вода. Станува збор за Црногорецот Филип Ивановиќ, родум од Цетиње. 

    Застрелан бил со куршум во челото од страна на 21-годишно момче. Како што јавуваат српските медиуми, убиецот е пронајден. Се работи за извесен Ѓ.З. кај кого биле пронајдени два пиштола, но и словенечки документи за кои се верува дека се фалсификувани. 

    View this post on Instagram

    A post shared by MOJ – BEOGRAD (@moj_beo_grad_)

    По Ивановиќ трагал Интерпол. За него била распишана меѓународна потерница откако на 4 декември минатата година побегнал од куќен притвор во Белград. 

    Во Србија против него се водел судски процес поради помагање на Лазар Тејиќ по убиството на Бојан Мирковиќ, додека Црна Гора го барала под сомнение дека бил член на организирана криминална група и соизвршител во неколку тешки убиства.

    Од Управата на полицијата на Црна Гора соопштиле дека Генералниот секретаријат на Интерпол во Лион објавил меѓународна потерница по Ивановиќ и дека неговото екстрадирање во Црна Гора било планирано по завршување на судскиот процес во Србија.

    Ивановиќ претходно бил уапсен во Белград на 25 ноември 2020 година под сомнение дека учествувал во тешко убиство. По бегството од куќниот притвор, повеќе од девет месеци бил во бегство, сè до неговото убиство синоќа.

    View this post on Instagram

    A post shared by MOJ – BEOGRAD (@moj_beo_grad_)

    Осомничениот, Ѓ.З. (21), бил пресретнат од полицајци во цивилна облека на само 200 метри од местото на злосторството, каде што бил разоружан и уапсен.

    На осомничениот му е одреден притвор од 48 часа, а во тек е истрага, по што ќе бидат познати повеќе детали.

    Итната медицинска помош потврди за РТС дека човекот е убиен и дека пукањето се случило во 23:13 часот.

    Прочитај повеќе

    „Мислев дека автомобил удри во куќата“, „Чашата падна од масата“ – силниот земјотрес ги разбуди соседите среде ноќ

    05.05.2026 во 10:42

    Автобус излета од патот кај наплатната станица Појате

    05.05.2026 во 10:37
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.