Close Menu
Press24
    Најново

    ЕУ се подготвува за преговори со Путин: Брисел стравува да не биде исклучен од мировниот процес предводен од САД

    07.05.2026 во 23:27

    Ескалација во Заливот: САД извршија удари врз ирански пристаништа, Техеран возврати со ракети

    07.05.2026 во 23:11

    Вучиќ демантира понуда од Мимовиќ за НИС: Преговорите со унгарски МОЛ влегуваат во финална фаза

    07.05.2026 во 23:03
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • ЕУ се подготвува за преговори со Путин: Брисел стравува да не биде исклучен од мировниот процес предводен од САД
    • Ескалација во Заливот: САД извршија удари врз ирански пристаништа, Техеран возврати со ракети
    • Вучиќ демантира понуда од Мимовиќ за НИС: Преговорите со унгарски МОЛ влегуваат во финална фаза
    • Германски министер: Неодговорната војна на Трамп ја турка нашата економија во бездна
    • Филипче: Одложувањето на промените во МВР е победа на СДСМ против партизацијата на полицијата
    • Адвокатка објави видео од брутално врсничко насилство во Штип: Институциите изрекуваат минимални казни
    • Колку протеини навистина ви се потребни за градење мускулна маса?
    • Нема компензанција за откажан лет поради недостиг на гориво, но цената на купен билет не смее да расте
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Мицкоски: Неформалната коалиција на Венко, Али и Димче има само една цел, да дојде на власт по било која цена, без вредности и било какви заеднички идеи 

    Мицкоски: Неформалната коалиција на Венко, Али и Димче има само една цел, да дојде на власт по било која цена, без вредности и било какви заеднички идеи 

    16.10.2025 во 18:552 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    На овие локални избори се судруваат две дијаметрални различни понуди, едната понуда е од една неформална коалиција којашто ја сочинуваат СДСМ, ДУИ и политичката партија Левица и втората понуда е понудата којашто ја нуди  ВМРО-ДПМНЕ со коалицијата Твоја Македонија, рече претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на денешниот народен митинг во Чаир, во рамки на изборната кампањата со слоган „Вистинскиот избор! Со твојот човек! За твоето место! За твојата иднина!“.

    Мицкоски истакна дека во неформалната коалиција сочинета од Венко, Али и Димче има само една цел, а тоа е да се дојде на власт по било која цена, без вредности и било какви заеднички идеи.

    „Во оваа неформална коалиција кадешто се здружиле Венко, Али и Димче можеме да забележиме две клучни работи, првата е дека се здружиле да дојдат на власт по било која цена, без вредности, без било каква идеја заедничка којашто ги поврзува, само да се дојде на власт“, истакна претседателот Мицкоски и додаде: 

    „Втората е патолошката омраза кон ВМРО-ДПМНЕ, која мојот колега, универзитетски професор Венко Филипче ја надгради и тој рече дека мене тие во суштина и не ме мразеле, туку тоа било чекор над тоа, тие ме презирале и тоа следеше веднаш од како еден нивен перјаница, ми порача дека би било штосно во оваа кампања да го најделе моето распарчено тело спакувано во еден куфер, одприлика на ова се сведува кампањата на СДСМ на овие избори, додека овие вториве ДУИ, првите десет дена од кампањата не ме извадија од уста, Кристијан, Кристијан“, рече Мицкоски.

    На крај претседателот Мицкоски објасни дека Левица се обидува да најде нов стопан кој најпрвин тоа беше Зоран Заев а сега е Али Ахмети од Зајас.

    „На овие третиве тие коишто се претставуваат како чесни, тие се обидуваат само да си најдат нов стопан, ако најпрвин тоа беше Зоран Заев, но сега тој стопан е минато, сега си најдоа нов стопан, овој новиот стопан се вика Али од Зајас“, посочи Мицкоски.

    Прочитај повеќе

    Филипче: Одложувањето на промените во МВР е победа на СДСМ против партизацијата на полицијата

    07.05.2026 во 21:42

    ВМРО-ДПМНЕ: СДС свесно ја манипулира јавноста, инфлацијата се стабилизира и покрај кризите

    07.05.2026 во 16:02
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.