Close Menu
Press24
    Најново

    Ведрана Рудан пред смртта: На синот не му оставам ништо и не го сакам на мојот погреб

    18.08.2026 во 11:31

    Најчести резервоари на западнонилска треска се гавраните – Клековски со апел до граѓаните

    17.08.2026 во 13:45

    СДСМ: Кој е Милко Бошковски?

    18.08.2026 во 11:23
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Граната од Првата светска војна пронајдена во рудник „Суводол“
    • Ангелов: Пожарот во Мариово повторно се активира
    • Почнаа уписите на УКИМ
    • Малолетник падна в рацете на полицијата – го фатија со марихуана
    • Орхан Муртезани: Ја продолжувам јавната служба како амбасадор во НАТО
    • Во Франција најавуваат користење ВИ за тестирање кибер безбедност на државните агенции
    • Директорот на Агенцијата за иселеништво, Горан Ангелов во посета на Општина Маврово и Ростуше
    • ЦУК: До 18 часот 11 активни пожари, а три под контрола
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Хрватска ќе набави пресретнувачи на дронови

    Хрватска ќе набави пресретнувачи на дронови

    15.10.2025 во 21:581 Min Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Хрватскиот министер за одбрана Иван Анушиќ денеска во Брисел информира дека Хрватска наскоро ќе потпише договор со домашна компанија за заштита на критичната инфраструктура од напади со дронови.

    Системот што треба да се набави вклучува оперативен центар, радари, пресретнувачи на дронови и 30-милиметарски топови, кои ќе бидат целосно автоматизирани.

    Станува збор за два стационарни и два мобилни системи за борба против дронови во вредност од 115 милиони евра.

    – Договорот ќе ни овозможи да испорачаме систем што ќе ја заштити нашата критична инфраструктура од воздушни напади со дронови и сè што би можело да го загрози нашиот воздушен простор, рече Анушиќ.

    Тој додаде дека не може да даде повеќе детали, освен дека договорот ќе биде потпишан во декември.

    Тој нагласи дека неидентификуваните дронови што влегуваат во нечиј воздушен простор без овластување дефинитивно треба да бидат соборени.

    – Секако дека треба да бидат соборени бидејќи некој од тие дронови може да носи експлозиви и да го погоди она што треба да се заштити, нашата инфраструктура, рече Анушиќ, јави ХРТ.

    Прочитај повеќе

    Уапсен осомничениот за убиството на францускиот турист во Ксамил, се криел во багажник

    18.08.2026 во 13:29

    Убиство во Ксамил: Французин избоден на лежалка на плажа

    18.08.2026 во 12:54
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.