Close Menu
Press24
    Најново

    Неофицијално: Вечерва во Прилеп уапсен виш јавен обвинител

    06.10.2026 во 19:35

    ГАЛЕРИЈА: Голема заплена на Царината – Ги фатиле со 79 кила дрога

    06.10.2026 во 10:55

    Мицкоски против кратење на празниците: Правата на работниците треба да се почитуваат

    06.10.2026 во 11:33
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • УХМР со лоши вести за претстојниот викенд – следува пресврт
    • Пресврт по неуспешната егзекуција: Криста Пајк се разбуди од кома, свесна е и зборува во болница
    • Безбедносна тревога во Софија: Бугарската претседателка Илијана Јотова свика седница на Советот за национална безбедност
    • 39 пакувања со дрога пронајдени во Идризово
    • Гостивар: Мајка си го пријавила синот во полиција
    • Крвава пресметка во Идризово: Избоден затвореник пренесен на клиника
    • Му забодел нож во гради на колегата – Детали за крвавата пресметка меѓу возачите на автобуси на кружен тек во Белград
    • Полицијата заплени 94 графички картички без документи кај скопјанец
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Зајакната соработката помеѓу АНБ и НАТО Канцеларијата за безбедност

    Зајакната соработката помеѓу АНБ и НАТО Канцеларијата за безбедност

    15.10.2025 во 17:302 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Во просториите на Агенцијата за национална безбедност се одржа средба помеѓу директорот на АНБ, Бојан Христовски и директорот на Канцеларијата за безбедност на НАТО, Гејлен Нејс во знак на силната и континуирана посветеност кон зајакнување на соработката и унапредување на партнерските односи во рамки на Алијансата.

    На средбата беа разгледани повеќе теми од заеднички интерес, со акцент на тековните активности за модернизација и дигитализација на Агенцијата во согласност со НАТО стандардите. Беше разговарано и за потребата од адаптација на националните безбедносни капацитети на новите глобални безбедносни предизвици, особено во контекст на брзиот технолошки развој и искуствата стекнати од современите безбедносни кризи.

    Двете страни ја потврдија определбата за продлабочување на соработката и координацијата во насока на унапредување на заедничките капацитети и зголемување на оперативната подготвеност. Покрај тоа, беше заклучено дека единството на Алијансата претставува нејзино најсилно оружје, а стабилна и силна Алијанса е гаранција за безбедноста и стабилноста на сите нејзини членки и нивните граѓани.

    Посебно беше нагласена важноста на размената на информации, стратешката доверба и заедничкото планирање на безбедносните активности, како предуслов за ефективно справување со современите безбедносни ризици. Во таа насока, Агенцијата за национална безбедност ќе продолжи активно да придонесува кон напорите на НАТО за унапредување на безбедносната архитектура и заштита на демократските вредности, соопшти Агенцијата за национална безбедност.

    Прочитај повеќе

    УХМР со лоши вести за претстојниот викенд – следува пресврт

    06.10.2026 во 23:52

    39 пакувања со дрога пронајдени во Идризово

    06.10.2026 во 23:23
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.